Квинтет „Виенска камерна симфонија“, Австрија
Квинтет „Виенска камерна симфонија“
Лаура Лози – прва виолина
Естеле Вебер – втора виолина
Џорџиа Венециано – виола
Серџо Мастро – виолончело
Дамиан Посе – контрабас
Виенската камерна симфонија е ансамбл составен од талентирани музичaри кои живеат и работат во Виена. Овој камерен состав има широк репертоар на класични дела почнувајќи од XIX век, па сѐ до современи дела, како и дела од композитори кои неправедно се запоставени или заборавени. Членовите на ансамблот најчесто настапуваат во формација на квинтет, следејќи ги традиционалните елементи на изведба во камерен оркестар, со симфониски концепт. Во Шпанија дебитираат со изведба на уникатен аранжман на Бетовеновата Петта симфонија , а посебно место во нивниот репертоар има изведбата на концерти за пијано, но во елегантна, камерна варијанта. Формиран во 2006 година, Квинтетот „Виенска камерна симфонија“ голем дел од своите први концерти ги изведува во Шпанија како дел од прославата на „Годината на Моцарт“, а се примени со бројни позитивни критики од публиката и критиката која ги опишува како „најдобри изведувачи во долгата концертна сезона посветна исклучиво на Моцарт“. По ова искуство, ВКС реализира серија проекти како дел од кои изведуваат дела од современиците на Моцарт. Настапуваат низ цела Европа: Шпанија, Франција, Велика Британија, Полска, Холандија, Данска, како и во Латинска Америка во Бразил, Чиле, Aргентина, Колумбија, Перу, Уругвај, Панама. Продолжуваат да ги освојуваат европските и светски сцени со нивната амбиција да го развиваат ваквиот симфониски/оперски пристап кон камерната музика и да се стремат кон создавање на нови верзии на дела наменети за гудачки квинтет.
Програма:
Г. Малер: Симфонија бр. 4 (прв став) верзија за гудачки квинтет
Bedächtig. Nicht eilen
Е. В. Корнголд: Märchenbilder (верзија за гудачки квинтет)
Holzapfel und Schlehwein. Grotesker Trauermarsch op.11/2
Die Prinzessin auf der Erbse. Andantino op.3/2
Wichtelmännchen. Molto vivace op. 3/4
Im Garten. Andante op.11/4
Mummenschanz. Vivace op. 11/3
-пауза –
А. Дворжак: Гудачки квинтет во G-dur оп. 77
Allegro con fuoco
Scherzo. Allegro vivace
Poco andante
Finale. Allegro assai