Подиум на млади уметници

Богдан Дугалиќ – пијано, Србија

 

Богдан Дугалиќ е роден во 2003 година во Белград и започнува да учи  пијано во музичкото училиште „С. Мокрањац“ во класата на проф. М. Ѓорѓевиќ. Моментално студира во класата на проф. Павел Гилилов на Универзитетот „Моцартеум“ во Салцбург.

Добитник е на бројни награди и признанија на меѓународни натпревари во Италија, Србија, Естонија, а од 2012 година соработува со познатиот пијанист и педагог Константин Богино. Настапува на фестивалот „Musica in laguna” во Италија во 2016 година каде со фестивалскиот оркестар исполнува концерти од Моцарт, Бетовен, Шопен и Чајковски. Со „Гудачите на Св. Ѓорѓе“ исполнува концерти од Бах, Моцарт и В. Миленковиќ.

Богдан Дугалиќ е еден од победниците на Музичката продукција на РТС „ Млади и успешни“ по што настапува со Симфонискиот оркестар на РТС изведувајќи го концертот за пијано и оркестар од Чајковски.  Во 2018 е добитник на стипендија од асоцијацијата „Бартоломео Кристогори“ во Италија, а во 2019 година е стипендијант на академијата „Пероси“ во Италија каде има можност да работи со Д. Алексеев, Ф. Казанова и М. Видлунд.

Настапува ширум Европа, во Германија, Австрија, Естонија како и во неговата родна земја Србија.

 

Програма:

 

Ф. Шопен: Анданте спианато и голема брилијантна полонеза оп. 22 Es-dur

 

Ф. Шопен: Соната бр. 2 оп.  35 b-moll

 

Grave – Doppio movimento

Scherzo

Marche funèbre: Lento

Finale: Presto

 

С. Прокофјев: Соната бр. 7 оп. 83 B-dur

 

Allegro inquieto

Andante caloroso

Precipitato

 

Дата

09 Јул 2022
Expired!

Време

19:00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *