Роман Симовиќ – виолина, Црна Гора

Роман Симовиќ – виолина

 

Брилијантната виртуозност, природниот талент и бескрајната имагинација се особините кои на виолинистот Роман Симовиќ му овозможуваат кариера која го носи низ целиот свет, на некои од најзначајните концертни подиуми како „Карнеги Хол“, големата сала на Конзерваториумот „Чајковски“ , салата „Марински“ во Санкт Петерсбург, Операта во Тел Авив, салата „Викторија“ во Женева, „Рудолфинум“ во Прага, „Барбикан“ во Лондон, Центарот за уметност во Сеул, салата „Григ“ во Берген, „Рахмањинов“ во Москва и многу  други.  Симовиќ е добитник на повеќе престижни награди за виолинисти „Родолфо Липицер“ во Италија каде добива прва награда и 12 награди од публиката, награда на натпреварот во Сион во Швајцарија, натпреварот „Јамполски“ во Русија и награда на натпреварот „Хенрик Виењавски“ во Полска со што тој станува еден од најзначајните виолинист на неговата генерација.

Како солист, Роман настапува со некои од водечките оркестри во светот: Лондонскиот симфониски оркестар, оркестарот на театарот „Марински“, Оркестарот на „Театро Реџио“ во Торино, симфонискиот оркестар во Халифакс (Канада), оркестарот „Франц Лист“ во Унгарија, „Камерата Берн“ во Швајцарија, Камерата Салцбург (Австрија), како и оркестри во Турција, Полска, Холандија.  Со диригентите:  Валери Георгиев, Антонио Папано, Даниел Хардинг, Џанандреа Носеда, Кристијан Јерви, Јиржи Белохлавек, Пабло Херас Касадо, Николај Знаидер, Томас Сондергард… Во сезоната 2022/23  Роман ќе настапи со Симфонискиот оркестар во Квебек, Националниот Радио оркестар во Шпанија, Загрепската филхармонија, ќе свири и ќе го предводи оркестарот во Астуриас,  ќе настапи и во Брауншвајг и ќе биде солист на турнејата на Лондонскиот симфониски оркестар под диригентската палка  на Сер Сајмон Ратл свирејќи го ретко изведуваниот Концерт за виолина и оркестар од Миклош Рожа.

Роман Симовиќ настапува на многу реномирани фестивали како што се: „Вербие“, „Бели Ноќи“ (Санкт Петербург), „Транс-сибирскиот фестивал“ на Вадим Репин, „Велигденскиот фестивал“, Летниот фестивал во Дубровник, „Котор Арт“ во Црна Гора, БЕМУС и НОМУС во Србија, „Сион-Вале“ во Швајцарија, фестивалот во Берген, „Московски ноќи“, фестивалите во Италија и Шпанија на кои соработува со врвни музички ѕвезди на денешницата: Леонидас Кавакос, Јуџа Ванг, Готје Капусон, Миша Мајски, Шломо Минц, Франсоа Лелу, Итамар Голан, Симон Трпчески, Џанин Јенсен, Јулијан Рахлин, Вадим Репин, Евгениј Кисин, Антоан Таместит, Антонио Менезес, Николај Лугански и др.

Роман е визитинг професор на Кралската академија во Лондон и има огромно искуство како педагог. Често е раководител на мајсторски курсеви во САД, Велика Британија, Јужна Кореја, Јапонија, Австралија, Италија, Шведска, Швајцарија, Србија, Црна Гора, Израел како и на Фестивалот во Вербие, таму често настапува како солист со оркестар, камерен музичар или со рецитал.

Има издадено бројни ЦД-а, но се издвојуваат четири на кои тој е уметнички раководител на гудачите на Лондонскиот симфониски оркестар  снимени за ЛСО-лајв, како и неговото ЦД со Виолинските каприси од Паганини за соло виолина. Во јуни 2022 година, Роман Симовиќ го сними за ЛСО лајв Концертот за виолина и оркестар од Миклош Рожа под диригентско водство на Сајмон Ратл.

Роман е концерт-мајстор на Лондонскиот симфониски оркестар од 2010 година. Свири на виолина изработена од Антонио Страдивари во 1709 година која му е позајмена од филантропот и колекционер на инструменти Џонатан Моулдс.

 

Програма:

 

Е.  Исаи (1858-1931) Шест сонати за соло виолина оп. 27

 

Соната бр. 1  g-moll,  во четири става, посветена на Јозеф Сигети.

Grave

Fugato

Allegretto poco scherzoso

Finale; Con brio

 

 Соната бр. 2 a-moll во четири става, посветена на Жак Тибо, пријател на Исаи.

Obsession; Prelude (with quotes from Bach’s Prelude from his Solo Partita in E major)

Malinconia

Danse des Ombres; Sarabande

Les furies

 

Соната бр. 3 d-moll „Балада“, посветена на Жорж Енеску во едне став и два дела

Lento molto sostenuto

Allegro in tempo giusto e con bravura

 

Соната бр. 4 e-moll посветена на Фриц Крајслер

Allemande (Lento maestoso)

Sarabande (Quasi lento)

Finale (Presto ma non troppo)

 

Соната бр. 5 G-dur  посветена на Метју Крикбум.

L’Aurore

                                Danse rustique

 

Соната бр. 6 E-dur напишана во стил на шпанска хабанера и посветена на Мануел Кирога.  

                                Allegro giusto non troppo vivo

Дата

31 Јул 2023
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD500.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *