Сигнум квартет (Словенија/Германија)
Квартет саксофони „СИГНУМ“
Михал Кнот – сопран саксофон
Јакопо Тадеи – сопран саксофон
Алан Лужар – тенор саксофон
Едоардо Зоти – баритон саксофон
Квартетот саксофони „СИГНУМ“ е сè освен обичен ансамбл – четворица извонредни саксофонисти кои се познаваат уште од студентските денови и кои постојано наоѓаат начин заеднички да откриваат. Нивниот стил претставува еден вид спој на повеќе жанри, со особена посветеност на музиката оригинално напишана за гудачки квартет, но и со афинитет кон рок- класиците на нашето време. Нивната индивидуална харизма споена во заедничко музицирање e еден вид јаготка на шлагот кој веќе е добиен преку импресивните виртуозни вештини на Михал Кнот, Јакопо Тадеи, Алан Лужар и Едоардо Зоти.
Веќе од првите тонови на нивната изведба, овие музичари започнуваат со вистински „огномет“, кој надополнет со емоции и постојана љубопитност да се преминуваат границите на музиката, прави тие да создаваат необично и уникатно ансамблово музицирање. Без разлика дали станува збор за оригинални композиции напишани за квартет саксофони или пак аранжмани на оркестарски дела, барокни композиции или рок-музика – љубовта со која „Сигнум“ им пристапува прави да можат убедливо да изведуваат музика од сите епохи и жанрови. Честопати се вели дека е тешко со зборови да се опише нивното мајсторско свирење – единствен начин е тоа да се доживее при изведбата во живо.
Тие се добитници на повеќе меѓународни награди и го имаат својот деби-концерт во „Карнеги Хол“ во 2013 година. Набргу потоа се избрани за „Ѕвезди во подем“ од страна на Организацијата на eвропски концертни сали (ЕХО) во 2014/15 година што им овозможува да настапат на повеќе престижни светски сцени што само им ги отвора вратите да бидат она што се денес.
„СИГНУМ“ честопати настапуваат со врвни светски музичари како што е виолинистот Даниел Хоуп, и тоа на ТВ „Арте“ во неговата серија „Хоуп дома“, а покрај тоа настапуваат со Ксенија Сидорова, Сара Марија Сун, Ѓорги Гигашвили и Фазил Сај. Нивниот репертоар како солисти постојано се проширува и неодамна настапија во нов аранжман на „Слики од изложба“ од Јун Нагао, а нов концерт за нив пишува Авнер Дорман. Имаат издадено повеќе албуми за „Дојче Грамофон“ и „Берлин Класикс“.
Во 2024 година го издаваат албумот „Камелеон“, а од истата година се резидентен ансамбл на „Баер Култур“.
