Театарска претстава „12“ според мотиви на „12 Гневни мажи“ од Реџиналд Роуз

Театарска претстава

12

По мотиви од „12 гневни мажи“ од Реџиналд Роуз

Режисер: Синиша Евтимов

МНТ, Скопје

Декларација на неспособност

 

Живееме во лудa доба. Нон-стоп. Имаме високо мислење за себе и за околината, но во суштина сме небитни. Времето немилосрдно нѐ гази, историјата револвира во неверојатно совршен круг, а ние, намерно или ненамерно, иако многу добро ја знаеме траекторијата, забораваме да научиме што било од искуството. Како последица, цивилизациски девалвираме. Забораваме зошто сме овде. Или можеби, никогаш вистински не дознавме. Оправданија и олеснителни околности ни се омилени орудија. Покажување со прст, омилен тренинг на цивилизацијата. Огледалото не постои за рефлексија на сопствените постапки, туку само како средство за задоволување на ниските страсти и суетата. Во слободно време, од удобноста на нашите домови, се бориме и за правда, еднаквост и за слобода. А слободата е болест, пријатели. Вирус. Комфорна зона. Од таа позиција креираме лажна иднина, празни приказни за нашите деца. Претставата „12“ е декларација на нашата неспособност. Некомпетентност! Само бледа опција сред духовна корупција. Дали сме тука само да ја раскажеме нашата приказна? Имам свои сомнежи. Колку чини човечкиот живот? Верувам во волјата да се преживее. Но не и во истребување. Дали вербата е доволна? Дали воопшто може да веруваме? И кому? Можеби и не сме толку битни. Може да нѐ снема за миг. Бесот е блуткаво недоразбирање. Мост кон островот на изневерени очекувања. Претставата „12“ е предговор за сите наши потфрлања.

Режисер,

Синиша Евтимов

 

Улоги:

  1. Ѓорѓи Јолевски
  2. Гораст Цветковски
  3. Тони Михајловски
  4. Никола Ристановски
  5. Благој Веселинов
  6. Александар Микиќ
  7. Игор Џамбазов
  8. Јордан Симонов
  9. Сенко Велинов/Нино Леви
  10. Оливер Митковски
  11. Владо Јовановски
  12. Сашко Коцев

 

Асистент на режија: Борјан Стојков

Извршен продуцент: Виктор Рубен

Сценограф: Мартин Манев

Музика: ПМГ Колектив

Костимограф: Александар Ношпал

Асистент на костимографот: Никола Булески

 

Времетраење: 90 минути без пауза

 

Претставата е наменета за возрасна категорија 16+

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

17 Јул 2025

Време

21:00

Цена

MKD400.00

Категорија

драмска програма
Центар за култура „Григор Прличев“

Локација

Центар за култура „Григор Прличев“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *