Театарска претстава “Ана Каренина” „Во љубовта нема повеќе и помалку“ Од Лав Николаевич Толстој
Театарска претстава
“Ана Каренина”
„Во љубовта нема повеќе и помалку“
Од Лав Николаевич Толстој
Режија: Дејан Пројковски
Театар Нови Сад „Ujvideki Szinhaz”, Србија
Ана е искрена, Ана е добра мајка, добра сопруга. Ана е заљубена. Но не и во нејзиниот сопруг. Ана најмногу сака две работи и го дава животот за нив – љубовникот и синот. Ана знае дека едното го исклучува другото… Возот тргна од Санкт Петербург и со се поголема брзина ита кон станицата.
„Нашата Ана Каренина е една жена – всушност, не е важно дали е жена или маж – човек кој сака да биде среќен. Преку нејзиниот лик отвораме многу врати и се занимаваме со тоа што всушност значи љубовта, колку човекот е подготвен да се жртвува, колку е подготвен да се надмине себеси, своите стравови, за да ја пронајде смислата на своето постоење. Во оваа смисла, Ана Каренина во нашата претстава е сложен систем; и таа, но и сите други ликови – Каренин, Вронски, Левин, Кити – имаат своја приказна, борба. Така, оваа претстава покажува дека црното никогаш не е целосно црно, белото никогаш не е целосно бело, дека всушност има многу нијанси внатре и дека тоа е всушност нашиот живот. “
Дејан Пројковски
Дејан Пројковски е македонски режисер. Роден е 1979 година во Битола. Дипломирал и магистрирал театарска режија на Националната академија за театарска и филмска уметност „Крсто. Сарафов“ во Софија. Работи како вонреден професор по театарска режија и глума на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк. Направи голем број значајни режии во С. Македонија и земјите од регионот. Извесен период беше директор на Македонскиот народен театар.
Тој е еден од водечките македонски театарски режисери и професор по театарска режија и глума на Универзитетот за аудио-визуелни уметности Европа Прима. Пројковски се потврди како режисер на големи дела на светските класици, создавајќи претстави со специфичен естетски и иновативен сценски јазик. Тој е присутен не само во својата татковина, туку и во Србија, Бугарија, Русија, Турција, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и копродуцира претстави со германски, италијански и словенечки театри и фестивали.
Улоги:
Ана Каренина – Береш Марта
Алексеј Каренин – Атила Немет
Алексеј Вронски – Арпад Месарош
Степан Облонски – Золтан Ширмер
Дарја Доли Облонска – Габриела Црнковиќ
Константин Дмитрич Левин – Габор Понго
Катерина Кити Александровна – Дина Дедовиќ Томиќ
Бетси Тверска – Агота Ференц
Серпуховски – Роберт Ожвар
Лидија Ивановна ‒ Ливија Банка
Агафја – Терезија Фигура
Серjожа – Адам Баџи
други:
Фани Дупак, Леа Грешак, Анабела Ходик, Даниел Хуста, Чаба Кемивеш, Адам Аџаш, Лехел Шолтис, Регина Сабо, Бенце Салаи, Бенџамин Варга.
Кореограф: Олга Панго
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Марија Пупучевска
Претставата трае 2 часа и 30 мин со пауза
Претставата не е наменета за публика помлада од 16 години