Театарска претстава ,,Eдвард втори”

Од Кристофер Марлоу

Копродукциски проект на НУЦК Театар  „Јордан Х.К. Џинот“, Велес и

Драмски Театар Н.О. Масалитинов, Пловдив, Р. Бугарија

 

-Оваа претстава има неколку различни насоки: главната насока е приказната за „Едвард II“ во драмата на Марлоу, проследена од „Ричард II“од Шекспир. Темите на главната драма кои се интересни за мене и за кои зборуваме се: односот татко и син, во отсуство на мајката, мотивите на моќта и луксузот а со тоа и прекумерното уживање, енергијата на младите луѓе и нивната дирекност. Исто така, бракот на Едвард и создавањето семејство…и некомпатибилноста. Понатаму, промената на сексуалната ориентација на Едвард и неговата страсна љубов кон мажите. Смртта на таткото, на кралот, а со тоа и исчезнувањето на сите бариери и пречки за синот. Есенцијално е и лудилото на напуштената жена – сопругата и кралицата и планот да се убие сопругот. Исто така, темнината на човечката психа, психолошките и сексуалните односи помеѓу луѓето. Сепак, крајниот конфликт на 21 век е конфликтот за превласт, меѓу мажот и жената, и во текот на оваа претстава ќе видиме како тоа се одвива. Овие нишки се раскажуваат низ различни театарски форми, од психолошки вистинити ситуации до ритуален театар и од современиот физички театар до можниот театар на иднината. Во центарот на приказната се актерите кои се вистински личности и преку нив можеме да видиме и нешто за луѓето кои живеат денес, во 2023 година.

Тука лежи и прашањето дали луѓето се смениле, од тие времиња до нашите денови, и ако се смениле, во кој правец ќе течат водите…Во исто време, на пробите, ќе набљудуваме и бележиме што им се случува на македонските актери во текот на овој процес…интересно да се види..!

После постановките на „Електра“ и „Соларис“ во МНТ,  „Едвард II“ е мојата трета претстава со македонски актери, и токму кај нив ме фасцинира нивната отвореност кон театарот и нивната желба да живеат!

 

Андриј Жолдак

 

Андриј Жолдак е роден 1962 г.во Киев, Украина. Дипломирал режија на московскиот Институт за филм и театар, под менторство на прочуениот руски режисер Анатолиј Васиљев. Авторската поетика на Жолдак, како и неговиот режисерски ракопис, несомнено се резултанти на неговите перманентни интереси за филмот (Фелини, Бергман, Параџанов, Тарковски) и на истражувањата во областа на ликовните уметности. Повеќе години Жолдак го управувал Државниот академски драмски театар „Тарас Шевченко“ во Харков, на чија сцена режирал пет големи проекти кои, освен изведбите во Украина, биле изведени на престижни фестивали во повеќе од триесет европски земји. Во 2005 година Жолдак ја режира Шекспировата пиеса „Ромео и Јулија“, реализирана како копродукција помеѓу Берлинскиот фестивал (Berliner Festspiele), Европската агенција за култура (Agency Culture-Europe) и Аладемскиот драмски театар во Харков. По премиерната изведба на Берлинскиот фестивал и последователна изведба во Варшава, украинските власти го забраниле изведувањето на „Ромео и Јулија“ во самaта Украина, принудувајќи го Жолдак да го напушти театарот во Харков. Оттогаш, тој постојано живее во Берлин, работејќи во водечките театри во Германија, Русија, Финска, Шведска и Швајцарија. Благодарение на неговиот долгогодишен опит на театарски практичар, како и на постојаниот ангажман во областа на театарската теорија, во текот на последниве години Жолдак е ангажиран како водител на низа работилници во Велика Британија, Холандија, Шпанија, Германија, Финска, Франција, Јапонија…

Добитник е на Наградата за изведувачки уметности на УНЕСКО (2008), која се доделува за личен придонес кон развојот на театарската уметност, на две Златни маски за најдобра оперска режија и најдобар оперски режисер во Русија (2014, за операта „Евгениј Онегин“, поставена во Санкт Петербург), на наградата Талија за најдобра претстава изведена во Финска (2010, за претставата „Ана Каренина“), поставена во театарот во Турку. Добитник е на наградата за најдобра режија на меѓународниот театарски фестивал во Сибиу (Романија), наградата за најдобар режисер во Романија (за постановката на „Отело“, 2002), наградата за најдобра експериментална претстава на фестивалот во Торун, Полска (за постановката на „Галеб“, 2002), награда од публиката на фестивалот „Златен лав“ (2002), наградата од критиката на белградскиот БИТЕФ (за постановката на „Три сестри“, 2000) и други. Во 2002 година, претставата на Жолдак „Хамлет – Соништа“, изведена во продукција на театарот од Харков, учествуваше на скопски МОТ и ја доби наградата од театарската критика. Во театрографијата на Жолдак, скопската „Електра“, поставена на сцената на МНТ, е неговата 41. професионална театарска режија.

 

РЕЖИЈА: Андриј Жолдак
ДРАМАТУРГ: Сашо Димоски
ТЕКСТ: Андриј Жолдак и Сашо Димоски (според Кристофер Марлоу)
СЦЕНОГРАФИЈА: Андриј Жолдак и Даниел Жолдак
КОСТИМОГРАФИЈА: Симон Мачабели и Раде Василев
АСИСТЕНТ НА РЕЖИЈА: Никола Кимовски
ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР: Катерина Стефановска
МУЗИКА: Сашко Костов
ПРЕВОД И ЛЕКТУРА: Весна Костовска
ИНСПИЦИЕНТ: Славиша Ѓорѓиев
СУФЛЕР: Орхидеја Дукова
ДИЗАЈН НА ПЛАКАТ : Филип Коруновски

Улоги:
ЕДВАРД ВТОРИ – Борис Крстев и Илин Јовановски
ИЗАБЕЛА ДЕ ВАЛОА – Јована Миладинова
ПИРС ГЕЈВСТОН – Васил Зафирчев
КЕНТ – Јордан Витанов
МОРТИМЕР – Бранко Михајлоски
ЛАЈТБОРН – Кире Ацевски
ЕДВАРД ТРЕТИ – Никола Петковиќ
МАРГО – Сандра Танчева
ДВОРЈАНИ: Марија Баркова, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски
ПАЖ – Тодор Стојковски

 

ИЗВРШЕН ПРОДУЦЕНТ: Сашо Димоски
ТЕХНИЧКИ РАКОВОДИТЕЛ: Никола Игнов
СВЕТЛО-ОПЕРАТОРИ: Марјан Тодоровски, Зоранчо
Јордев
ТОН-ОПЕРАТОР: Дарко Спировски
ДЕКОРАТЕРИ: Игор Гаврилов, Хишам Латифов, Ѓоре
Павлов, Јовица Стаменковски, Горан Димов
РЕКВИЗИТ: Благој Илиев
ГАРДЕРОБЕР: Јулијана Ангеловска и Елена Кочановска

 

Претставата не е наменета за лица помлади од 16 год

Дата

06 Авг 2023
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD500.00

Категорија

драмска програма
Центар за култура „Григор Прличев“

Локација

Центар за култура „Григор Прличев“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *