
Театарска претстава „Принцезата Ксенија од Црна Гора“
Принцезата Ксенија од Црна Гора
Адаптација и режија: Радмила Војводиќ
Црногорски народен театар, Подгорица, Црна Гора
Претставите се потпираат на непостојаноста на трагите, на еден вид материјално исчезнување, а ние, кои се занимаваме со театарот, исто така разбираме дека ја сакаме минливоста и неповторливоста на тој чин… Се навраќам на тоа барајќи одговор на прашањето зошто напишав еден вид пролог и епилог, т.е. дали беше потребно да се привлече вниманието кон надворешното оцрнување и неуметничкото во сеќавањето на поранешната изведба на „Принцезата Ксенија од Црна Гора“ – за поранешниот општествен контекст, и за овој сегашен, од кој се враќаме на истата тема, играјќи го истото дело?!
Всушност, го знам одговорот само до одреден степен, но еве го: сфаќам дека заборавеноста и меморијата поедноставуваат и искривуваат многу факти со кои се справувам, не само со она што е расфрлано историографски туку и со она што се случи дури вчера, па затоа имам потреба да го проверам тоа знаење… да го потврдам… да го споделам…
Гласовите на мигрантите, ги има многу од кога постои светот и векот, од почетокот на светот до… луѓе иселени доселени, во потрага на подобар живот и подобар свет… Шепотат дење и ноќе, огласувајќи ја и најинтимната историја… Но, тука, во оваа претстава – тие се над сите други, но тука е и гласот на самодоверливата и моќна жена, но и жена губитник. Гласот на нем мал народ и мала култура за која се закотвил животот. Таа зборува со мачниот глас на внатрешен егзил и истура болка преку рабовите на историските факти, од нејзината до нашата ера.
Тоа е монолог од далечината и дијалог на нашето заробеништво.
Радмила Војводиќ
Радмила Војводиќ е театарска режисерка, драмска писателка и универзитетски професор родена 1961 год. во Бар. Дипломирала театарска режија на Факултетот за драмски уметности во 1985 година. Автор е на повеќе драмски текстови. Режирала текстови од класичната и современата драматургија и авторски театарски адаптации во белградските театри „Ателје 212“, ЈДП, Белградски драмски театар и Студентскиот културен центар; Хрватскиот народен театар „Иван Зајц“, Српскиот народен театар во Нови Сад, Црногорскиот народен театар во Подгорица, Кралскиот театар во Цетиње, како и на многу други места и фестивали.
Нејзините претстави се едни од најгледаните и најнаградуваните на голем број фестивали. Основач е и уредник на списанието за театар и култура „Гест“.
Добитничка е на голем број театарски награди и општествени награди.
Улоги:
Принцезата Ксенија во осумдесеттата година – Варја Џукиќ
Принцезата Ксенија од 36 до 40-тата година – Ана Вучковиќ
Вукмановиќ – Дејан Иваниќ
Кралот Никола – Изудин Бајровиќ
Кралицата Милена – Горана Драгашевиќ
Престолонаследникот Данило – Александар Радуловиќ
Принцезата Вера – Јелена Лабан
Илија Бјелош – Слободан Маруновиќ
Министерот Шоќ – Душан Ковачевиќ
Мајор Клоз – Лазар Ѓурѓевиќ
Љубица Роси – Нада Вукчевиќ
Драматург: Божо Копривица
Сценографија: Марија Калабиќ
Костимограф: Борис Чакширан