Театарска претстава „Сергеј е многу глупав“ 

Театарска претстава

Сергеј е многу глупав

од  ©Димитри Данилов

Режисер: Дејана Николовска

 

НУЦК “Григор Прличев” – Народен театар Охрид

 

Во претставата „Сергеј е многу глупав“  се разигрува ситуација во која се кршат границите на реалноста во животот на еден актуелен современ лик – компјутерски програмер кога ненадејно и на „голема врата“ во неговиот живот влегува апсурдот. Од Сергеј се очекува брзо и вешто да научи да комуницира со него,  нешто за кое тој однапред нема напишан„код“.

Во претставата, наједноставната животна ситуација одеднаш се претвора во егзистенцијална ситуација. Курири–доставувачи, неочекувано доаѓаат кај програмерот и уште од прагот соопштуваат дека имаат намера да поминат точно еден час со Сергеј, по што ќе му дадат пратка со непозната содржина.Од овој момент па натаму, започнува надреалнo шоу кое го вовлекува гледачот во динамична игра во која дијалозите и хероите ги рушат сите очекувани театарски стереотипи и во која крајот за гледачите е целосно непредвидлив. Страв од средбата со „непознатото“, обидот  да се погледнат првичните работи од нов агол, сево ова го оттргнува ликот од вообичаената рутина и му го разнишува светот. Повеќе ништо нема логика. Обичниот живот му е претворен во апсурд.

Со други зборови, сите ние можеби сме „Сергеј“ на нашето време.

Оваа сатира, која за прв пат се поставува во С. Македонија, ни открива автентична поетика на автор со длабоки познавања на руската литература и теорија и тој багаж имплицитно ни го разоткрива слој по слој, низ репликите: од воведување на име, презиме  улица и број, уште на почетокот на пиесата – како карактеристики на  руската урбана поетика, преку дијалогизмот, карневализацијата и полисемијата за кои зборува Михаил Бахтин, до  доста луцидното и успешно флертување со поетиките на автори како Чехов, Достоевски, Булгаков, Хармс…како и народната руска литература.  Како такво, ова драмско дело можеме да го вброиме во наследниците на руската „авангарда“, оние од 21 век.

                                                                                                                                                                Дејана Николовска

 

Дејана Николовска е втората Македонка која има завршено театарска режија во Москва на ГИТИС, Руската академија за театарска уметност (после Иван Поповски). Родена е во Скопје 1981 г. На режисерскиот факултет на ГИТИС се запишува во 2000 г. во класата на проф. Леонид Хеифец. Во 2003 г. како студент во трета година ја поставува претставата „Семејни приказни” од Биљана Србљановиќ која ја добива наградата за најдобра режија меѓу студентските претстави во Русија. Од 2005 – 2009 г. работи како асистент-педагог на катедрата за режија во класите на професорите Олег Кудрјашов и Леонид Хеифец. Моментално ги завршува магистерските студии и е слободен уметник. Освен театарот како основна професија и позив, се занимава и со филм. Најзначаен филмски проект е снимањето на серијалот „Именденот на Татијана“ (220 епизоди) за Првиот канал на Руската национална телевизија. Исто така, има големо искуство во шоу бизнис индустријата како режисер во RosArt Group production company во Москва.

 

Улоги: 

Сергеј – Никола Тодороски

Првиот курир – Стрезо Стаматовски

Вториот курир – Горан Стојаноски

Третиот курир – Филип Кипровски

Маша – Леонида Гулевска

 

Сценограф и костимограф: Енес Деари

Композитор: Сашко Костов

Инспициент: Филип Ангеличин – Жура

 

Времетраење на претставата 90 мин.

Претставата е наменета за целата публика

Дата

10 Авг 2023
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD300.00

Категорија

драмска програма
Центар за култура „Григор Прличев“

Локација

Центар за култура „Григор Прличев“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *