Театарска претстава „Војна и мир“ од Лав Николаевич Толстој
Режија: Борис Лијешевиќ
Продукција: Народен театар, Белград, Србија
„Војна и мир“ од Лав Николаевич Толстој е еден од најважните романи во светот на книжевноста. За Народниот театар во Белград новата драматизација на ова ремек дело ја направи писателот и драматург Федор Шили во соработка со режисерот Борис Лијешевиќ. Долгогодишното театарско творештво на Лијешевиќ резултираше со многу успешни и повеќе наградувани театарски претстави, а претставата „Војна и мир“ на големата сцена на Народниот театар е негово најфасцинантно театарско остварување досега. Во самиот избор на актерската екипа покрај веќе познати и докажани актери има и млади актери чии ликови се први нивни креации. Уметничкиот тим го сочинуваат соработници со кои режисерот има долгогодишна соработка. Борис Лијешевиќ за претставата вели: „Тешко е од ваков роман да се издвои едно нешто. Тука има многу работи. Размислувањата на ликовите за Бога, за вечноста, за љубовта како поглед на светот, за љубовта како начин на живот… Има многу работи за клучните моменти во животот, кога човекот ја согледува и допира суштината која всушност е и тука, која сето време била тука пред неговите очи. Оваа суштина е всушност мир, која не можел да се согледа поради војната. Човекот постојано води битка со самиот себе, со околината, со животот, со Господ. Мирот всушност е светот. Војната и мирот, како принципи по кои функционира животот и светот се како две сили кои го движат светот и историјата, но пред сѐ човекот. Војната и мирот, како неразделна целина се нешто што не можеме да го разбереме. Како мапа по која се движиме, тркало во чија внатрешност се движиме како циркуски глувци. Војната и мирот заедно ја сочинуваат целината на нашите животи“.
Борис Лијешевиќ e роден 1976 година во Белград, израснал во Будва, каде завршил основно и средно училиште. Дипломирал на Катедрата за српска литература и јазик на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Во 2004 година дипломирал режија на Академијата за уметности во Нови Сад, каде и денес предава глума како вонреден професор. Воедно тој е и троен стипендист на Гете институтот во Белград и соработник на загрепското актерско студио. Значаен дел од неговиот опус е неговата работа во документарниот театар, каде авторските проекти се создаваат со снимање тематски разговори со избрани анонимни соговорници кои ги откриваат своите автентични искуства. Од класичните дела ги режирал „Слугата на двајца господари“, комедија од Карло Голдони, „Алкестида“ на Еврипид, „Лоренцачо“ од Алфред де Мисо. Голем и растечки дел од опусот на режисерот го сочинуваат претставите засновани на драматизациите на романот: „Општинското дете“ од Бранислав Нушиќ, „Јаре во млекото“ од Јуриј Пољаков, „Елијаховата столица“ од Игор Штикс, и многу други. Неговата работа е наградувана со многу домашни и регионални награди. Живее и работи на релација Белград – Нови Сад и Будва.
Улоги:
Кнез Николај Болконски – Миодраг Кривокапиќ
Пјер Безухов – Хаџи Ненад Маричиќ
Кнез Андреј Болконски – Данило Лончаревиќ
Наташа Ростова – Теодора Драгиќевиќ
Кнегиња Марија Болконска – Златија Ивановиќ
Николај Ростов – Немања Стаматовиќ
Соња Ростова – Нина Нешковиќ
Гроф Иља Ростов – Душан Матејиќ
Грофица Наталија Ростова – Бојана Стефановиќ
Кнез Василије Курагин – Слободан Бештиќ
Елена Курагина – Калина Ковачевиќ
Анатол Курагин – Петар Стругар
Борис Друбецки – Вучиќ Перовиќ
Лиза Болконска – Зорана Бекиќ Ѓорѓевиќ
Наполеон Бонапарта – Недим Незировиќ
Сценограф: Јања Ваљаревиќ
Костимограф: Бојана Никитовиќ
Времетраење: 3 часа со пауза од 10 мин.
Претставата не се препорачува за лица помлади од 12 години