Унгарска вечер

Ноеми Салаи кларинет  

Младата унгарска кларинетистка Ноеми Салаи е единствена кларинетистка која во периодот 2018-2020 е избрана да биде дел од престижната програма „Ансамбл конект“ која ја организира „Карнеги Хол“. Таа е учесничка на повеќе фестивали во Унгарија и во САД и соработува со познати уметници како Чарлс Најдих, Франк Морели и Питер Франкл. Како победничка на натпреварот „Призма“ во 2018 година во Канада, таа добива можност да настапува со Московскиот симфониски оркестар во Русија.

Како оркестарски музичар настапува со престижниот Унгарски фестивалски оркестар под диригентство на Иван Фишер на нивната турнеја во Единбург, во Будимпешта и во Њујорк. Соработува со камерниот оркестар „Орфеус“, со Симфонискиот оркестар на Бингхамптон, со ансамблите на „Џулијард“, со Симфонискиот оркестар на Принстон, како и со ансамблот за современа музика „Аксиом“. Свири и во Светскиот оркестар кој го носи името на Золтан Кодај под диригентската палка на Тамаш Васари.

Во 2019 година таа е добитничка на златен медал на Интернационалниот натпревар на Менхетен во Њујорк, а носителка е на признанија и награди од натпреварите во Унгарија, Италија, Словенија, Босна и Херцеговина, Канада и САД.

Ноеми Салаи е родена во Унгарија. Започнува да учи музика на 8-годишна возраст, а кларинет свири од нејзината десетта година. Дипломира на колеџот „Бард“ во САД, а потоа магистрира на „Џулијард“ во Њујорк.

 

Александра Балог пијано

Победничката на Меѓународниот натпревар за пијанисти „Бела Барток“ во Грац во 2017 година, Александра Балог се вбројува во некои од највозбудливите пијанисти на нејзината генерација. Таа е добитничка на стипендијата „Фулбрајт“, наградена е со наградата „Прима“ во 2023 година, што е најпрестижна награда за младите уметници во Унгарија и во 2024 година е вброена на листата „Најдобри 30 под 30 години“ од страна на „Форбс“ – Унгарија.

Како солист настапувала со повеќе оркестри во Унгарија и во Велика Британија, а настапувала и на сцените на „Карнеги Хол“ во Њујорк, во салата на Конзерваториумот „П. И. Чајковски“, во Центарот за уметности во Месксико Сити и во Капелата за музика во Брисел. Концертните настапи ја водат низ повеќе земји во Европа, во САД, во Мексико и во Еквадор, како и во поголемите културни центри низ Азија.

Оваа концертна сезона Балог ќе настапи во Салата „Корто“ во Париз, Палатата на убави уметности во Мексико Сити, како и во Будимпешта, Лондон, Токио, Сингапур, Пекинг и во Шангај.

Александра Балог е основач и уметнички директор на Уметничкиот колектив „Аталена“, кој претставува збир на меѓународно признати млади музичари кои се посветени не само на високите уметнички цели, туку се стремат и кон психичкото, менталното и емотивното здравје на уметниците. Колективот презентира серии на фестивали, академии и мајсторски курсеви во Унгарија и во Тоскана, Италија.

Александра Балог дипломира на Кралската музичка академија во Лондон во класата на Иан Фоунтаин (2019), ја поминала тригодишната уметничка програма на Унгарската академија за уметности и се стекнала со уметничка диплома од Универзитетот во Грац во класата на Маркус Шример (2023). Како Фулбрајтова стипендистка, во моментов студира на Музичкиот конзерваториум на Колеџот „Бард“ во класата на Риеко Аизава.

  • 00

    days

  • 00

    hours

  • 00

    minutes

  • 00

    seconds

Date

18 Авг 2026

Time

21:00

Cost

MKD400.00

Labels

музичка програма

Location

Црква Св. Софија
Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *