Американска вечер Театарска претстава “Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец”
Актер: Џон Малкович
Режисер/автор: Михаел Штурмингер
Диригент: Мартин Хазелбoк
Солисти: Чен Реис – сопран и Сузан Лангбејн – сопран
Оркестар „Виенска Академија“
„Пеколната комедија“ всушност претставува сценска изведба на австрискиот сериски убиец Џек Унтервегер. Престојувајќи во затвор заради убиства станува поет и писател отслужуваќи ја казната. Тоа доведува критичарите да го сакаат, а на крајот да го помилуваат, тврдејќи
дека за интелектуалците и политичарите тој е „пример за рехабилитација“. Слободен, Унтервегер стана новинар и баран предавач. Но и повеќекратен убиец. Фатен и повторно осуден, си го одзема животот. Оваа претстава ги спојува Малкович, оркестарот на Виенската академија, како и два прекрасни сопрани Чен Рајс и Сузан Лангбејн кои преку музика ги отсликуваат бесот, тагата и желбата за освета за жртвите. Според многумина оваа може да се нарече и нов жанр.
Обожавателите на овој познат актер имаат бројни можности за уживање во неговата брилијантна ексцентричност, но целосната чистина се согледува со неговиот настап во „Пеколна комедија“, која е возбудливо дело на театарот. „Пеколна комедија“ може да се гледа и како предупредување и како опомена, Од една страна општеството на Унтервегер му се додворува и го слави и покрај тоа што сторил ужасни работи. Од друга страна сер го поставува прашањето: Зошто на еден убиец би му била овозможена привилегијата на помилување. Гледајќи од друг аспект концептот на рехабилитација како таков е важен и суштински дел на
моралните вредности. Но сепак, не може да се види како некој може да ги искупи гревовите за насила одземените животи. Па според тоа делото можеби зборува повеќе за општеството отколку за самиот Унтервегер.
Џон Гавин Малкович е американски глумец, продуцент и режисер. Роден е на 9 декември 1953 година во Кристофер, (Илиноис). Неговите дедо и баба по таткова линија биле Хрвати, со потекло од Озаљ, кај Карловац, Хрватска, а мајка му имала шкотско и германско потекло.
Малкович најпрво се прославил на театарската сцена, а во 1999 година се игра себеси во филмот „Да се биде Џон Малкович“. Во својата кариера, тој имал две номинации за наградата „Оскар“, и тоа за улогите во филмовите „Места во срцето“ и „На линијата на огнот“ како и номинации за награда од Британската филмска академија и три номинации за наградата Златен глобус. Има настапувано во повеќе од 70 филмови.