Весна Ѓиновска Илкова, Кристина Светиева, Ѓорѓи  Цуцковски

Весна Гиновска Илкова – сопран
Кристина Светиева – пијано
Гостин: Ѓорѓи  Цуцковски – солист тенор
Р.С.Македонија

 

 

Весна Ѓиновска Илкова – сопран

Дипломира на ФМУ во Скопје,во класата на проф. Милка Ефтимова, а магистeрските студии ги

завршува во Белград во класа на проф.Радмила Бакочевиќ. Во нејзината богата оперска продукција, остварува над  дваесет насловни улоги. Дебитира како Микаела во „Кармен“ со прославениот руски тенор Сергеј Дубровин во 1996 година, а

меѓународното деби го има во Софија во улогата на Елизабета во „Дон Карло“, во рамки на меѓународниот натпревар „Борис Христов “, заедно со прославениот Никола Ѓузелев во 1998 година. На меѓународната сцена во Софиската опера настапува во „Моќ на судбината“ као Дона Елеонора, Тоска во „Тоска“, Елизабета во „Дон Карлос“, во операта во Пловдив ја толкува насловната улога во „Тоска“, а во Копенхаген ја толкува „Аида“ со која го отвора и меѓународниот фестивалот во Анталија. Со истата улога настапува во „Сава центар“ во Белград и на фестивалот „Хистрија “ во  Пула. Во Риека ја толкува „Џоконда“, во Љубљана е Дездемона во „Отело“, во Белградската опера е Леонора во „Трубадур“, истата година гостува во Русија, на

промовирање на македонската музика. Во 2014 г., со рецитал  дебитира во Њујорк каде интерпретира дела од македонски автори. На нејзиниот репертоар се улогите на Чо-чо сан во „Мадам Батерфлај”, Леонора во „ Моќ на судбината“, Сантуца во „Кавалерија Рустикана“, Лејди Магбет во „Магбет“, Леонора во „Симон Боканегра“, Турандот и Лиу во „Турандот“ и др. На нејзниот репертоар се и бројни вокално-инструментални дела- реквиемите од Моцарт, Верди, Бритн, дела од Перголези, Хајдн и Брукнер. За достигнувања во оперската уметност, Весна Гиновска – Илкова е добитник  на наградата „13 Ноември“, која ја доделува градот Скопје, „Златна маска“ во 2006 година како и „Златна лира“ на Здружението на музички уметници во 2009 година. Во 2014 година ја добива наградата „Виртуози“, а во 2019 година e добитничка на високата државна награда „Св. Климент Охридски“. Од 2006 година, Весна Гиновска-Илкова предава соло-пеење на ФМУ- Скопје.

 

Ѓорѓи Цуцковски-тенор

Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје „Cum Laude“ во класата на проф. Билјана Јовановска, а  специјализира оперско пеење во Виена кај професор Оливера Миљаковиќ . Магистрира во 2019 година во класата на маестро Борис Трајанов на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во периодот од 2010 до 2014 година е претседател на управниот одбор на Националната опера и балет како и уметнички директор на истата во периодот од 2014-2018 и селектор на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ во  2018 година.  Како првенец во НОБ е носител на главните тенорски улоги кои се на нејзиниот репертоар. На меѓународната сцена дебитира во 2006 година и оттогаш е присутен на сцените во Италија (Новара, Лече, Бриндизи, Таормина), а настапува и на фестивалот на Пучини во Торе дел Лаго. Настапите го водат во Турција (со Симфонискиот оркестар во Истанбул) , Бугарија (Софиска опера и операта во Варна), Франција, Русија, Португалија, Германија, Австрија, Швајцарија, Албанија,Кина (со Шангајската филхармонија), Индонезија, Јапонија, Хрватска, Кореја и САД каде во 2016 година има целовечерен рецитал во Њујорк. Сцената ја дели со светски познатите ѕвезди Инва Мула, Даниела Деси, Цветалина Василева и др.  На концертната сцена меѓу останатото е солист во Моцартовиот „Реквием“ и Бетовеновата „Деветта симфонија“. Цуцковски е солист-првенец  на Националната опера и балет од 2007 година и професор на факултетот за Аудио – визуелна уметност – ЕСРА.

 

Кристина Светиева– пијано

Кристина Светиева се истакнува како една од најталентираните македонски млади пијанистки и развива широка концертна дејност. Дипломира во 2006 год. (со „cum laude“) на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Т. Светиев, а магистрира во 2008 год. (под менторство на проф. Жени Захариева. Во 2010 година ја завршува својата двегодишна специјализација на реномираната музичка академија во Париз „ Schola Cantorum“ под менторство на проф. Жени Захариева. Во април 2014 год. докторира на Факултетот за музичка уметност – Скопје, под менторство на Проф. Жени Захариева.

Кристина Светиева успешно настапува на подиумите низ Македонија („Охридско лето“, „Скопско лето“, „Денови на Македонска  музика“ „Златна Лира“) и надвор од земјата (Турција, Италија, Франција, Бугарија, Шведска, Холандија, Хрватска, Чешка, САД).

Носител е на повеќе високи државни и меѓународни награди и признанија.

Меѓу бројните нејзини настапи како позначајни се издвојуваат нејзиното деби со Македонската Филхармонија на седумгодишна возраст, а потоа следуваат низа настапи со истиот оркестар. Забележителни се и настапите со оркестарот на Факултетот за Музичка Уметност, a посебно се истакнуваат нејзините солистички рецитали во Софија – Бугарија, Стокхолм – Шведска, Париз – Франција и концертот во Њујорк со реномираната првенка на МОБ, сопранот Весна Ѓиновска – Илкова.

Во 2018 г. Кристина Светиева издава носач на звук со француска музика за четирирачно пијано. Светиева работи како редовен  професор по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

 

Програма:

 

П. И. Чајковски: Забит так скора

 

П. И. Чајковски: Хатјел би јединое слова

 

П. И. Чајковски: Отчего

 

С. Рахмањинов: Не пој красавица oп. 4. бр. 4

 

Г. Форе: Apres un Reve

 

Ф. Пуланк: Le Chemins de l’amour

 

Ф. Лист: Oh! Quand je dors

 

Ф. Лист: Enfant, si j’etais Roi

 

С. Рахмањинов: Тие летни ноќи оп. 14 бр. 5

 

Р. Штраус: Morgen

 

Р. Штраус: Zueignung

 

Ф. Чилеа: Ecco respira appena арија на Адријана од операта „Адријана Лекуврер“

 

Ф. Чилеа: Lamento di Federico  арија на Федерико од операта „Арлезијанка“

 

Џ. Пучини: Дует на Сантуца и Туриду од операта „Кавалерија Рустикана“

Дата

31 Јул 2022
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD300.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *