„Животот е …“ Кабаре на Наташа Поплавска
„Животот е …“
Кабаре на Наташа Поплавска
Р.С.Македонија
По успешните мјузикли „Чикаго” и „Мама миа” во кои македонската публика уживаше изминатите години, а по двегодишна пауза во која светот застана, Наташа Поплавска на публиката повторно ќе и понуди музичко – сценско уживање во нова приказна напишана од Ристо Вртев. Овој пат на сцената на Националната Опера и Балет, Поплавска, заедно со својот соработник, кореограф Олга Панго поставуваат ново кабаре, наречено „Животот е …” Во ова патешествие им се придружуваат маестралните визуелни уметници, видео дизaјнерот Дејан Матиќ и светло дизајнерот Милчо Александров кои ќе ја создадат сценската магија заедно со Поплавска, Панго, балетските солисти од Националниот Балет и познатата џез артистка Марија Димитријевиќ. Низ животната приказна на кабаретската ѕвезда Сали Боулс преку случките од некогашниот Берлински „Кит Кет“ кабаре клуб ја следиме трансформацијата на животот во денешната корпоративна и виртуелна стварност. Џез звуците на познатите Нат Кинг Кол и Џон Кандер преминуваат во електронските поп звуци на пионерите на електронската музика „Крафтверк“. Претставата е во продукција на Здружението за развивање на уметност и културна соработка АРТ МЕДИА во соработка со Националната Опера и Балет, а поддржано од Министерството за култура на Република Северена Македонија.
Асистент на режија: Иван Вртев
Приказна: Ристо Вртев
Кореографија: Олга Панго
Музика: Нaт Кинг Кол, Џон Кандер и „Крафтверк“
Лирика: Фред Ебб и „Крафтверк“
Видео анимација: Дејан Матиќ
Дизајн на светло: Милчо Александров
Настапуваат:
Марија Димитријевиќ – Сали Боулс
Олга Панго – Церемонијал мајстор
Иван Вртев – Новиот церемонијал мајстор
Ендру Кук (к.г. Велика Британија) – Хелга, Боби
Дафина Данилоска – Кочевска – Тексас
Маја Митровска Богојевска – Инге
Биби Басмаџиева – Ковачевски – Френчи
Ангела Велевска – Лулу
Ангела Богатинова – Роузи
Сарина Стојановска – Маузи (вокал)
Мартина Аврамовска – Бети (вокал)
Михаела Перевска – Лили (вокал)