Музички времеплов

Музички времеплов на Андрија  Минчиќ – кларинет
со Тадија Минчиќ-фагот
во соработка со
Никола Цветковиќ – пијано
Србија

 

Андрија Минчиќ-кларинет

Андрија Минчиќ дипломира во класата на проф. Анте Гргин, а потоа специјализира камерна музика на Факултетот за уметности при Универзитетот во Ниш. Како солист настапува на преку 200 концерти во земјата и во странство и тоа во Шпанија, Грција, Бугарија, Швајцарија, Велика Британија, Холандија, Франција, Турција, Катар, Португалија и Канада во некои од најпознатите сали во овие земји, како што се:  „Концертгебау“ во Амстердам, „Палата на музиката“ и театарот во Барселона, „Тонхале“ во Цирих, „Аудиторио“ во Мадрид и др. Носител е на стипендија доделена од градот Ниш и на повеќе градски награди од областа на културата и уметноста. Во март 2013 година ја започнува педагошката кариера како доцент на одделот за дувачки инструменти на Факултетот за уметности во Ниш каде предава кларинет и група други предмети.  Како саксофонист свири повеќе различни жанрови: џез, фанк, поп, електронска музика, а член е на Нишкиот Биг Бенд оркестар и други ансамбли. Неговиот проект „Сакстајм“ ја освои светската публика преку социјалните мрежи и јутјуб канали. На фестивалот „Нишвил“ сцената ја делел со музички легенди како Кенди Далфер, Мајк Стерн, Кени Герет, Крис Потер, Џон Њуман и др. Остварува трајни снимки за ПГП-РТС, за Турската национална телевизија и за државната телевизија во Катар.

 

Тадија Минчиќ-фагот

Тадија Минчиќ е роден во 1990 година во Ниш и започнува да учи фагот со проф. Мирко Исаески (ФМУ Белград) а дипломира и магистрира во класата на проф. Еберхард Маршал на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Минхен. За време на студиите добитник е на 12 први награди на различни национални и интернационални натпревари и остварува солистички настапи со Симфонискиот оркестар од Ниш и со Камерниот оркестар од Солун. Како член на Европскиот младински оркестар, тој е прв фаготист на оркестарските сесии во 2007, 2008 и 2009 година и остварува бројни концерти низ Еворпа. Од 2013 година е фаготист на „No Borders” оркестарот кој го сочинуваат музичари од бившите ЈУ-простори.  Тој е постојан член на дрвениот дувачки квинтет од Минхен, како и на ансамблот за современа музика „Undercoverfiction” и на ансамблот „Индекс“. Од 2014 соработува со „Бах Колегиум Минхен“, со Минхенскиот камерен оркестар, со оркестарот на Радиото во Минхен, оркестрите во Инголштад и Салцбург. Одржува рецитали и мастер-клас на Универзитетот во Истанбул во 2015 година, и мастер клас на Државниот универзитет во Токио во 2019 година. Од 2021 година тој е ангажиран како прв соло- фаготист на Симфонискиот оркестар на РТС во Србија како и во Филхармонијата во Дортмунд.

 

Никола Цветковиќ-пијано

Никола Цветковиќ дипломира и магистрира на Факултетот за уметности во Ниш во 2013 година. За време на студиите учествува на бројни натпревари во земјата. Како соло уметник и камерен музичар настапува во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Белгија, Полска, Чешка, Словенија, Португалија, Русија, Канада, Катар, Украина и Латвија.

Цветковиќ е особено заинтересиран за современите поп, рок и џез сцени. Во 2008 година започнува да прави кавер обработки на песни од рок и хеви-метал бендови кои стануваат популарни на социјалните мрежи и на неговиот активен јутјуб канал. Во 2017 година со дозвола на шведскиот бенд „Кататонија“, тој го издава албумот „Цветковиќ свири Кататонија- колекција на песни за соло пијано“ по што добива одличен одзив  од почитувачите на нивната музика од целиот свет. Во моментов Цветковиќ е уметнички соработник на Факултетот за уметности во Ниш, каде  од 2015 година соработува со студентите на одделот за дувачки инструменти.

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

Авг 15 2022

Време

21:00

Цена

MKD300.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.