Ансамбл „Алтус“ – С. Македонија
Aнсамбл „Алтус/Нов здив“
Ана Спасовска – диригент
Гонца Богоромова Краповски – сопран
Елена Стојческа – флејта
Игор Иванов – кларинет
Роман Петиот – гитара
Маријана Николовска – пијано
Мартин Димитров – виолина
Александар Лаовски – виола
Паскал Краповски – виолончело
Ансамблот „Алтус/Нов здив“ е проект од особено значење за националната култура како ансамбл кој се грижи за изведбата, афирмацијата и зачувувањето на класичното и современото музичко творештво во Македонија. Членовите на ансамблот се истакнати изведувачи кои следејќи ги стапките на домашните пионерски ансамбли, потребата за домашна и меѓународна афирмација на македонското творештво ја остваруваат со формирањето на „Алтус“.
Од почетокот ансамблот беше одлично пречекан од стручната јавност по што следеа настапи на фестивалот „Охридско лето“ во 2021 и 2022 година, на Универзитетот „Моцартеум“ во Салзбург, Австрија, на фестивалите „Музикал ду Киберон“ (Musicales du Quiberon) во Киберон, Франција, на „Динамик Фест“ (Dynamik Fest) во Салзбург, Австрија, на „Денови на македонска музика“ во Скопје, на Конзерваториумот „В.А. Моцарт“ во Париз, на „Composers Festival“ во Приштина и на „Скопско лето” во Скопје, остварувајќи премиерни изведби на домашни композитори, како и изведби на дела од ризницата на светското музичко наследство.
Со оваа дејност, ансамблот се етаблира како рамка за соработка меѓу културните институции, ансамбли и фестивали, со етаблирани домашни и странски композитори, инструменталисти-изведувачи и студенти по композиција.
Ансамблот е добитник на наградата „Георги Божиков“ за 2024 година, која ја доделува СОКОМ како признание за најуспешна јавна изведба на дела од македонски композитори.


Програма:
Панде Шахов – 3та и 4та песна од циклусот „Песни за љубовта и смртта“
(сопран, флејта, кларинет, гитара, виолина, виола, виолончело и пијано);
– „Излегује Јован“
– „Се собрале војводите“
Камиј Сен-Санс – „Невидливата флејта“
(сопран, флејта и пијано);
Морис Равел – „Волшебната флејта“
(сопран, флејта и пијано);
Андре Капле – „Пријди! шепоти невидливата флејта“
(сопран, флејта и пијано);
Гијом Конесон – „Техно парада“
(флејта, кларинет и пијано);
Дамјан Темков – „Надеж“ – циклус песни по стихови на Б. Конески
(сопран и виолончело);
– Ружа
– Служба
– Песна
Томислав Зографски – „Марика мома убава“ / транскрипција Панде Шахов
(сопран, флејта, кларинет, гитара, виолина, виола, виолончело и пијано);
Ангел Спировски – „Свадбениот танц на Влаина планина“
(сопран, флејта, кларинет, гитара, виолина, виола, виолончело и пијано);
Дарија Андовска – „Си заљубив…“
(сопран, флејта, гитара и виолончело);
Х. Вила-Лобос – „Бразилеира“ бр.5
(гитара и виолончело);
Мануел де Фаља – три става балетска музика / транскрипција Роман Петиот
(кларинет, гитара, виолина, виола и виолончело);
од „Трирогата шапка“
– Танцот на воденичарот
од „Маѓепсаната љубов“
– Пантомима
– Пеколен танц
Астор Пјацола – „Обливион“ / транскрипција Роман Петиот
(сопран, флејта, кларинет, гитара, виолина, виола, виолончело, пијано);