Дино Имери – пијано

Дино Имери-пијано

Дино Имери (1990) е еден од најреномираните македонски пијанисти. Со огромен успех настапува на престижните сцени низ светот, како гостин на врвни оркестри, како уметник – изведувач на  рецитали и како камерен музичар. За него француската критика ќе напише: „Дино Имери – магионичар на пијаното..“ (Magazine, OPS), а неговите уметнички креации не ја оставаат рамнодушна публиката на неговите концерти.

За неговата уметност стручната критика ќе напише: „Дино Имери не само што ја изведува музиката, скоро како да ја компонира во моментот. Неверојатен и рафиниран квалитет на звукот, беспрекорна техника,инструментална култура и фасцинантна слобода со еден неверојатен интерпретациски квалитет во неговите изведби – ова е краток опис на неговото големо умеење.“ (Е. Дочева, Kultura.bg).

Настапувал со Стразбуршкиот филхармониски оркестар, Софиската филхармонија, Филхармонијата на Р. Северна Македонија, Симфонискиот и Камерен оркестар на ФМУ-Скопје, Оркестарот на НОБ.

Добитник е на бројни награди и признанија: „Виртуози“ за млад музички уметник, „Мајка Тереза“ за хуманост, Лауреат е на Фондацијата „Томислав Зографски“, Златна Бубамара на популарноста, рангиран е  во десетте најдобри млади европски пијанисти според 3eme Concours européen de piano – Normandie и др. Имери се потпишува на повеќе изданија за престижни дискографски куќи, бележи успеси и како композитор, пишувајќи музика за филм, театар, инструментална и вокална музика. Со музичко образование се стекнува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ (класа на проф. Људмила Романова), дипломира со високи почести на ФМУ-Скопје (класа на проф. Борис Романов), а магистрира со високи почести и просек 10,00 на ФМУ- Скопје (класа на проф. Симон Трпчески). Од 2018 гoдина Дино Имери предава на Факултетот за музичка уметност во Скопје при УКИМ.

 

 

Програма:

 

Ф. Шопен: Балада бр. 1 оп. 23 во g-moll

 

Ф. Шопен: “Херојска Полонеза” оп. 53 во As-dur

 

С. Рахмањинов:  Соната бр. 1 оп. 28 во d-moll

Allegro moderato

Lento

Allegro molto

Дата

20 Јул 2023
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD300.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *