Вечер на ЕУ

Дуо ди Прага
Леош Чепицки – виолина
Михал Канка – виолончело
Чешка

 

Леош Чепицки- виолина

Леош Чепицки студирал виолина на Академијата за изведувачки уметности во Прага во класата на проф. Јиржи Новак, камерна музика  со проф. Антонин Кохут, а за време на студиите е еден од основачите на познатиот „Вихан“ квартет чиј член е до денес. Учествува на бројни натпревари за соло виолина и камерна музика и победник е на повеќе натпревари во родната Чешка, но и во Хрватска и во Италија. Учесник е на мајсторските класови за интерпретација на проф. Игор Безродни во Вајмар, а настапувал рецитално и со оркестри (Загрепска филхармонија, Филхармонијата во Кошице, Камерната филхармонија во Пардубице, Храдец Кралове, Виртуози Прагенсис итн). Во 2000 година, на 250-годишнината од смртта на Ј.С. Бах, ги изведува сите сонати и партити за соло – виолина од овој композтитор на Фестивалот „Сметана“ во Литомишл. Со квартетот „Вихан“ освојува прва награда на фестивалот Прашка пролет во 1988 година, а неколку години подоцна, во 1991 тие се добитници на прва награда и награда од публиката на Интернационалниот натпревар за гудачки квратети во Лондон. Овие признанија се проследени со бројни европски турнеи, настапи во Сингапур, Јордан, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и САД. Со квартетот снимаат бројни ЦД-а меѓу кои и сите 16 гудачки квартети на Бетовен. Во 2002 година Чепицки реализира снимка со сонатите и партитите на Бах. Од 2007 година е професор по виолина на Академијата за изведувачки уметности во Прага, а од 2010 година е раководител на гудачкиот оддел.

 

Михал Канка- чело

Михал Канка студирал виолончело на Прашкиот конзерваториум и на Академијата за изведувачки уметности во Прага. Во 1992 и 1993 година учествувал на познатиот семинар на Грегор Пјатигорски во Лос Анџелес каде имал можност да работи со А. Навара, М. Жандрон и П. Тортелје.

За време на студиите  учествува на рекордни 32 национални и интернационални натпревари за виолончело и камерна музика. Помеѓу најзначајните награди е победата на натпреварот „П. И. Чајковски“ во Москва (1982), прва награда на натпреварот „Прашка пролет“ (1983), наградата на АРД во Минхен (1986). За време на студиите, а и потоа, редовно настапува со сите водечки оркестри во Чешка, со Словачката филхармонија, Државниот оркестар во Брно и др. Во периодот од 1995-2005 година  Канка  е постојан солист на Филхармонијата во Брно  а од 2003 година ја добива таа позиција во оркестарот на Чешкото радио во Прага.  Соработува со оркестри во Германија, Јапонија, САД, Данска, Шпанија, Италија и Словенија.

Михал Канка реализирал преку 40 снимки на ЦД кои му носат бројни награди и признанија. Посветен подеднакво на солистичкото, но и на камерното музицирање Канка е основач на квартетите „Хавлак“ и „Мартину“, а 32 години бил член на познатиот квартет „Пражак“. Од 2011 година предава виолончело на Академијата за изведувачки уметности во Прага, а од 2013 предава и на Прашкиот конзерваториум. Михал Канка е претседател на меѓународниот натпревар „Прашка пролет“ и член на уметничкиот совет на истоимениот фестивал. Од 2017 година тој е виолончелист на квартетот „Вихан“ со кој веќе има снимено 4 ЦД-а и остварено повеќе од 100 концерти во Република Чешка, Англија, Франција, Швајцарија, Австрија, Словачка и Јапонија.

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

Јул 26 2022

Време

21:00

Цена

MKD700.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.