Ермир Абеши, Мерита Реџа Тершана, Албанија

Ермир Абеши-виолина

Абеши е финалист на натпреварот за виолина „Кралица Елизабета“ во Брисел во 2012 година и добитник на втора награда од престижниот натпревар „Липицер“ во 2011 година во Италија. Тој настапува како солист со бројни оркестри во Белгија меѓу кои Белгискиот национален оркестар, Кралскиот камерен оркестар на Валонија, романските оркестри во Плоешти и Бекау, оркестарот на Албанското радио ТВ. Дебитира на 16-годишна возраст со оркестарот „Гедини“ под диригентската палка на Марк Фостер, а настапува и со оркестарот на Конзерваториумот „Њу Ингланд“ во Бостон. Со рецитали настапува во Европа и Тајван. Роден во Елбасан во 1987 година, Ермир Абеши започнува да учи виолина на шестгодишна возраст, а студиите го водат во Кремона, Италија каде дипломира на тамошната академија во класата на Бруно Пињата, а се усовршува кај познатиот италијански виолинист Салваторе Акардо.

Во 2006 година заминува во Бостон, таму ги завршува пост-дипломските студии на конзерваториумот „Њу Ингланд“ каде студира во класата на концерт-мајсторот на Бостонскиот симфониски оркестар- Мартин Лоув. За време на годините во САД редовно посетува мајсторски курсеви и летни кампови под водство на Иља Груберт, Пинкас Цукерман и Григориј Жислин, учи камерна музика со Николас Кичен од гудачкиот квартет „Боромео“ и композиција со Мајкл Гандолфи и Џон Малиа. Во 2010 година Абеши се враќа во Европа продолжувајќи го своето усовршување со Дора Шварцберг и Наталија Пришипенко. Ермир Абеши е активен камерен музичар. Тој е дел од триото „Шпигел“ со Злата Чочиева и виолончелистот Николај Шугајев со кои настапува во некои од најпрестижните европски концертни сали вклучително во „Концертгебау“ во Амстердам, салата „Верди“ во Милано и на фестивалот во Луцерн. Од 2014 година започнува да работи како концерт-мајстор на Чешката филхармонија во Прага и истата позиција ја држи во оркестарот во Оденсе во Данска. Во 2017 година тој е назначен за концерт-мајстор на Германската радио филхармонија  „Сарбрукен-Кајзерслаутерн“.

Мерита Реџа -Тершана-пијано

 

Критиката, публиката и медиумите ја сметаат Мерита Реџа -Тершана за една од најактивните уметници на албанската територија,  и таа  продолжува да гради кариера полна со нови достигнувања. Добитничка е на импресивна бројка од национални награди како „Изведувач на годината“ на албанскиот фестивал за современа музика во 1996, „Изведувач на годината“ и добитник е на „Култ наградата“ во 2010 и 2016. Родена во Тирана, Мерита Реџа – Тершана дипломира на Универзитетот за уметности во Тирана во класата на проф. Маргарита Кристиди, а се усовршува на пост-дипломски  студии и на мајсторски курсеви кај Паул Бадура-Скода и Тил Енгел.  Тершана работи на Универзитетот во Тирана од 1994, најпрво како корепетитор, а подоцна од 2002 година како педагог. Тершана е професор по пијано  на Универзитетот за уметности во Тирана, продекан на Факултетот за музичка уметност и раководител на одделот за пијано на истиот факултет.

Како солист настапува со повеќе оркестри вклучително со оркестарот на Албанското радио и ТВ, оркестарот на Универзитетот во Тирана, оркестарот на Операта под диригентската палка на:  Ј. Барбулуши, Л. Квадрини, Б. Лапај, А. Лепури, Н. Марин и Д. Савиќ. Како солист е често канета да настапи на познати фестивали во Албанија и Европа меѓу кои Фестивалот „Шлезгвиг- Холштајн“ (Германија), Фестивалот во Брегенц (Австрија), Фестивалот „Гросето“ во Италија како и на бројни фестивали во регионот. Мерита Реџа -Тершана често и за првпат изведува нови дела од албански композитори, а во 2009 снима ЦД со музика од Шуман. Исто така, има снимено две ЦД- а со дела од албански композитори. Помеѓу бројните уметници со кои соработува како камерен музичар се вбројуваат: Клаиди Сахатчи, Руденс Турку, Ермир Абеши, Андреј Бјелов, Арета Жула, Кристи Гјези, Томас Лелу, Премусл Војта, Лоик Шнајдер, Роберто Траинини, Саимир Пиргу и др.

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

Јул 17 2022

Време

21:00

Цена

MKD500.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.