Француска вечер Квартет „АГАТЕ“

Адриен Јуркович – виолина
Томас Дескампс – виолина
Рафаел Пањон – виола
Симон Jашеме – виолончело

 

Формиран е во 2016 година, а членовите на квартетот „Агате“ студирале на високата школа за музика „Ханс Ajслер“ во Берлин,  во класата на Еберхард Фелц  и на Парискиот конзерваториум   под менторство на Матју Херцог и Лук-Мари Агуера. Во 2021 година се добитници на меѓународната награда на Фондацијата за млади класични музичари во Лондон (YCAT). Годинава дебитираат во престижниот „Вигмор Хол“ во Лондон и остваруваат рецитали на фестивалот во Вербие, во новата „Таубер“ филхармонија во Вајкерсхајм, на фестивалот „Мекленбург-Форпомерн“, заедно со Квартетот „Ебене“ на фестивалот „Музички столици“, и на повеќе значајни фестивали во Франција како на Фестивалот „ Ноќ на квартети“ во Париската филхармонија и во Брукнерхаус во Линц (Австрија).

Квартетот моментално е резидентен ансамбл при Фондацијата „Сингер Полињак“ и  во Про-Квартет во Париз, како и ансамбл во постојана соработка на Фестивалот Ла Бреш во Савој.

Настапуваат на значајни фестивали и во познати сали низ Европа вклучувајќи го фестивалот „Екс ен Прованс“, фестивалот на камерна музика во Хамбург,  Музичките средби во Евијан, „Концерверајн“ во Шверин и др, а соработуваат со уметници како пијанистот Франк Брале и квартетите „Модиљани“ и „Ерусалем“.

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

Јул 30 2022

Време

21:00

Цена

MKD700.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.