Франк Дупре – пијано рецитал, Германија

Франк Дупре-пијано

Добитник на наградата „Опус Класикс“ за снимка на годината во категоријата Концерти во 2018 година, и лауреат на Германскиот натпревар за музичари во 2014 година. Германскиот пијанист Франк Дупре ги воодушевува жириата со неговата музичка зрелост, рафинирана техника и можност да создаде широк спектар на бои од пијаното. Првично едуциран како џез перкусионист, Дупре има „широки видици“ во пијанистичкиот репертоар, со особен интерес кон современата и музиката на актуелните композитори на нашето време. Неговите скорешни и идни ангажмани вклучуваат соработка со фестивалот „Курт Вајл“ каде е резидентен уметник, деби со Ројал Нордерн Симфонија во Њукасл, со Симфонискиот оркестар во Трондхајм и со Симфонискиот оркестар на Лихтенштајн. Ќе се врати на сцените на „Вигмор Хол“, „Бозар“ во Брисел, и ќе продолжи да соработува со Филхармонијата во Штутгарт и театарот „Паулен“ во Цвикау. Дупре е уметник кој цврсто се етаблира на меѓународната музичка сцена и има остварено настапи со Лондонската филхармонија, како и со оркестрите во Минестота, Малме, Кристијансанд, Оукленд, со „Бетовен“ оркестарот во Бон и др. Во областа на камерната музика соработува со некои од највозбудливите имиња од неговата генерација како Симон Хофеле, Едгар Моро, Даниел Лозакович, Тимоти Ридаут, Киан Солтани и др. Исто така, е  активен на диригентскиот пулт, и уметник кој често се јавува во улога на солист и диригент.  Франк Дупре има соработувано како асистент со Сер Сајмон Ретл, Франсоа Гзавие Рот и Марио Вензаго.

 

Програма:

 

Ф. Шуберт: „Вандерер“ Фантазија C-dur  оп.15 (D 760)

                 Allegro con fuoco, ma non troppo

                 Adagio

                 Presto

 Allegro

 

Р. Шуман: Арабеска C-dur  оп. 18

 

М. Балакирјев: „Исламеј“ ориентална фантазија оп. 18

 

-пауза-

 

Л. Буланже: Три пиеси за пијано

  1. D’un Vieux Jardin
  2. D’un Jardin Clair

III. The Cortège

 

К. Дебиси: Прелудиуми за пијано

                                               Les collines d’Anacapri                  

                                                La Cathédrale engloutie

                                                Ondine

                                                Feux d’artifice

 

М. Равел:  „Барка на океанот“ од циклусот „Огледала“

 

Џ. Гершвин: Три прелудиуми за пијано

  1. Allegro ben ritmato e deciso
  2. Andante con moto e poco rubato

                                                III. Allegro ben ritmato e deciso

Дата

29 Јул 2023
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD300.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *