Франк Дупре Трио, Германија
Франк Дупре -пијано
Јакоб Круп –контрабас
Оби Јене –тапани
Полни со љубопитност и виртуозност, со леснотија и изразена емпатија, тројцата меѓународно познати уметници од триото на Франк Дупре лесно успеваат да ги надминат наводните жанровски граници.
Франк Дупре е музичар со бескраен хоризонт, градител на мост помеѓу класичната музика и џезот, и затоа е еден од најперспективните исклучителни уметници на својата генерација. Уште од многу мала возраст, Франк Дупре се интересирал за музика од многу различни стилови и жанрови и ја гледал од различни агли: како џез-тапанар, класичен пијанист со голем интерес за модерната музика и последно, но не и најмалку важно, како диригент. Тој се посветил на класичниот репертоар за пијано и ја оформил својата меѓународна кариера како концертен пијанист. Во 2014 година победува и станува лауреат на германскиот музички натпревар, во 2018 година ја освојува наградата OPUS KLASSIK во категоријата Концертна изведба на годината (20/21 век), а во 2022 година се закитува со наградата ICMA (Меѓународната награда за класична музика) за неговата изведба на четвртиот концерт за пијано од Николај Капустин.
Франк Дупре и тапанарот Мајнхард „Оби“ Јене со голем успех работат заедно на бројни проекти уште од 2009 година. Од 2020 година високо талентираниот контрабасист Јакоб Круп го комплетира ансамблот. Тројцата музичари го привлекуваат меѓународното внимание во јануари 2022 година со нивниот деби-албум Blueprint (Capriccio), посветен на композиторот Николај Капустин. Албумот ги надминува сите очекувања и станува албум на неделата на РББ култур (радио посветено на културата) и влезе во листата на Њујорк Тајмс за пет препорачани албуми на месецот.
На албумот Salted Caramel (Berlin Classics), кој исто така беше издаден во 2022 година, Триото заедно со трубачот Симон Хофеле и Квартетот Голдмунд, ги комбинираат класичните дела со џез стандардите.
Ангажманите во „Елб Филхармонијата“ во Хамбург, на Џез фестивалот во Бон, на „Курт-Веил“ фестивалот во Десау, концертните турнеи во Швајцарија и Лихтенштајн, како и проектите со оркестри како што е Штутгартската филхармонија сведочат за меѓународниот интерес за проектите на Триото на Франк Дупре. Репертоарот опфаќа музички дијапазон од Бах до Бетовен, Дебиси, Равел па сѐ до песните на Курт Веил и Леонард Бернштајн. Џез стандардите на музичките икони како што е Дјук Елингтон се исто така на репертоарот на триото како и виртуозните и повеќеслојни дела на Николај Капустин.
Програма:
Николај Капустин (1937-2020): Биг Бенд звуци оп. 46
„Прелудиум“ од Осум концертни етиди оп. 40 бр. 1
Морис Равел: (1875-1937): Прелудиум во а-moll (оригинална и џез верзија)
Николај Капустин (1937-2020): Избор на Џез прелудиуми оп. 53
Варијации оп. 41
-пауза-
Леонард Бернштајн (1918-1990): Песни од „Приказна од западната страна“
- Jet Song
- Somewhere
III. Cool
- I Feel Pretty
- Mambo