Грчка  вечер, “LEΣ LYRISTEΣ”

Софија Каракута -вокал и тригином
Роза Фрагорапти – лира
Никос Ксантулис – лира варвитон

 

Основниот елемент при формирањето на триото LEΣ LYRISTEΣ е античката грчка лира со седум жици која е симбол на музиката во западно-европската традиција. Прекрасниот звук на лирата кој ги маѓепсувал античките филозофи е оживеан низ музицирањето на ова трио во комбинација со основниот човечки инструмент- гласот. На тој начин овој инструмент  (лирата)  го бара своето место на музичките сцени во  денешното, модерно време.

Од основањето во 2020 година, овој ансамбл настапува на бројни концертни сцени во Грција и надвор од неа, на фестивали, едукативни програми, работилници, конференции, универзитетски проекти и на програми на радио. Нивниот прв албум со поезија на поетесата Сафо и музика создадена од д – р Никос Ксантулис набргу ќе биде објавен.

Роза Фрагорапти е музичар и музиколог со магистерска диплома од областа на античката грчка музика. Уметноста на изведба на лира со седум жици ја учи со проф. Никос Ксантулис и настапува концертно во Грција и Италија, истовремено учествувајќи на семинари и конференции за музикологија и архео-музикологија. Во јуни 2021 година, единствена во светот се здобива со првата диплома за студии од областа на античката грчка лира од конзерваториумот во Никеа.

Софија Каракута студирала соло пеење со стипендија од конзерваториумот „Њу Ингланд“ во Бостон каде имала бројни рецитали. Настапите ја водат низ САД и Грција, а била дел од повеќе оперски продукции и концерти на камерна музика. Работела како професор по пеење и како хорски диригент во Грција и САД, а последните десет години се усовршува во свирење грчки тригонон, еден вид харфа.

Никос Ксантулис е композитор, уметнички советник на Грчката национална опера, научен соработник на Академијата во Атина и член на Археолошкиот институт на Америка. Во периодот од 1984-2009 бил прв-трубач на оркестарот на Грчката национална опера, а како солист и камерен музичар има издадено преку 20 ЦД-а. Неговите авторски дела се изведувани во повеќе од 30 земји, а Археолошкиот институт на Америка во два наврати  (во 2013 и 2018) му ја доделува наградата „Семјуел Крес“ за научни истражувања од областа на античката уметност. Никос Ксантулис предава на конзерваториумот во Никеа.

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

Авг 10 2022

Време

20:00

Цена

MKD500.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.