Хусејин Сермет – пијано, Турција

Четириесетгодишната кариера на турскиот пијанист и композитор Хусеин Сермет ги отсликува неговите разновидни музички интереси и исклучителната музичка визија која се огледува во широкиот и еклектичен репертоар и пијанистичка имагинативност.

Роден во Истанбул во 1955 година, студиите ги започнува на Музичкиот конзерваториум во Анкара за да продолжи во Париз, на тамошиот конзерваториум и на школата за музика „Алфред Корто“ во класите на Тјери де Брунхоф, Надја Буланже и Мари Курсио.  Студирал композиција со Оливије Месијан, а за неговиот прв гудачки квартет е добитник на наградата „Лили Буланже“. Настапува низ целиот свет со познатите  диригенти: Владимир Јуровски, Семјон Бичков, Дејвид Робертсон, Лоренс Фостер, Пабло Херас-Касадо, Џонатан Нот, Џејмс Гафиган и Ханс Граф, а како камерен музичар соработува со Марија Жоао Пирес, Готје и Рено Капусон. Гостин е на некои од најдобрите светски оркестри: Лондонската филхармонија и Кралската филхармонија во Лондон, Парискиот симфониски оркестар, Оркестарот на Минхенското радио, Симфонискиот оркестар во Луцерн, оркестрите во Бамберг, Токио, Шангај, Детроит и многу други.  Настапува и во некои од најпрестижните пијанистички серии на рецитали во Лондон, Париз, Минхен, Лисабон, Копенхаген,  Оксфорд и Лил.

Активен е и како композитор. Првата значајна композиција на Сермет – „Сеќавања 1“ е премиерно изведена на Фестивалот Емпери во 1997 година, по што следи нарачка на дело за Симфонискиот оркестар во Токио- делото „Соништа и кошмари“ чија премиера е во 2004 година.

Многу од снимените материјали на Сермет за издавачките куќи „Наив“, „Хармонија мунди“ и „Ерато“ се наградувани од страна на влијателните музички магазини и избори за најдобри изданија. Тука се вбројуваат ЦД-то со делата за соло пијано на Равел, трите албуми со музиката на Шарл Алкан, избор на дела за пијано за четири раце заедно со Марија Жоао Пирес и снимката на сонатата на Лист и неговите последни дела за пијано.

 

Програма:

 

Ј. С. Бах:  Добро темпериран клавир книга 1, BWV846-869

 

                              –Прелудиум и фуга бр. 1 C-dur, BWV846

– Прелудиум и фуга бр. 22 b-moll, BWV867

 

Л. В. Бетовен: Соната за пијано бр. 30 оп. 109 E-dur

 

Vivace ma non troppo — Adagio espressivo

Prestissimo

Gesangvoll, mit innigster Empfindung. Andante molto cantabile ed espressivo

 

Ф. Лист: Соната за пијано h-moll, S. 178

Дата

Јул 21 2022
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD700.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.