Италијанска вечер; Ансамбл „Маре Нострум“

Ансамбл „Маре Нострум“

Ансамблот „Маре Нострум“ основан во Рим од страна на диригентот и уметнички раководител Андреа де Карло  важи за еден од најоригиналните и изненадувачки барокни ансамбли кои се посветени на изведбата на „стара“ музика со особен афинитет кон музиката од италијанските композитори, особено на оперите на Алесандро Страдела. По нивните високо оценети и наградувани снимени изданија, во 2013 година се раѓа проектот „Страдела“, колекција на ЦД-а со комплетните дела од овој композитор снимени за издавачката куќа Аркана. Сите посебни ЦД-а (серенади, опери и ораториуми) добиваат одлични критики и се признати од страна на меѓународната музичка јавност. Својот иновативен и истражувачки пристап Маестро Де Карло го презентира на  бројни семинари, мајсторски курсеви и конференции и тој наскоро ќе биде издаден во печатено издание. Ансамблот на своите интерпретации им приоѓа студиозно и со долгогодишно посветено музиколошко истражување, кое резултира со нови печатени изданија на досега непознат нотен материјал, како и на критички едиции на веќе објавени музички дела.

 

 

Андреа де Карло-диригент, виола да гамба

Андреа да Карло е роден во Рим каде кариерата ја започнува како џез контрабасист, за подоцна да дипломира на отсекот по контрабас и виола да гамба, истовремено студирајќи и физика на Универзитетот „Сапиенца“ во Рим.  Пред целосно да се посвети на инструментот виола да гамба извесно време работи како контрабасист во театарот „Масимо“ во Палермо, во регионалниот оркестар во Тоскана,  како и во регионалниот оркестар на Лацио. Како инструменталист на виола да гамба, Де Карло има настапи со повеќе значајни ансамбли во сферата на старата музика, остварува турнеи, а  е вклучен и на повеќе од 40 аудио изданија. Во 2005 година го основа ансамблот „Маре Нострум“ посветен на Римскиот барок,  особено на делата на Алесандро Страдела. Откако нивниот прв албум е закитен со неколку награди, членовите на овој ансамбл и Карло одлучуваат да се посветат на снимањето на сите дела од овој композитор, како и да стартуваат фестивал посветен на Страдела. Како диригент, Де Карло диригирал со оркестарот „Артуро Тосканини“ во Парма, оркестарот на театарот „Карло Феличе“ во Џенова и камерниот оркестар на „Ла Скала“ во Милано.

 

Џулиа Болкато-сопран

Џулија Болкато е успешен сопран со кариера која ја профилира како разновиден музичар со квалитет која ѝ овозможува успешно да транзитира низ репертоарот од барок, па до современа музика. Настапува во некои од најзначајните оперски куќи во Италија, како театрите во Парма, Кремона, Венеција, Модена, Виченца, Фиренца, Болцано, а надвор од Италија во Шведската кралска опера, операта во Вурцбург и др. Соработува со диригентите:  Ж. Савал, С. Мотнатари, Р. Алесандрини, А. Де Карло, М. Ангиус, А. Шиф, И. Волков, А. Кадарио, М. Мартоне и др. Победничка е на  повеќе натпревари меѓу кои вокалниот натпревар „Чести“ во Инсбрук во 2017 година, а освоила награда и на натпреварот во Бусето во 2015 година.

 

Данило Пасторе-контратенор

Данило Пасторе е еден од најценетите млади италијански контратенори. Неговиот репертоар е широк и ги покрива делата од стара,  па сè до современа музика. Настапува со разни формации како ансамблот „Маре Нострум“, Академија дел Ричеркаре, Канторес Градуалес, Капела мусикале Корадиана, Страдела Проект, ансамблот „Дивертименто“, Болоњскиот „Сан Пјетро“, а основач е на ансамблот „Ла Естрела“, уметничкиот колектив „Селенографие“ и на „Ил Фауно Бјанко“ со кои настапува на фестивали во голем број италијански театри како оние во Равена, Пиза, Комо, Ла Валета, Џенова, Кремона, Венеција, Виченца, Павиа и Песаро. Соработува со истакнати диригенти како:  Марко Берини, Франческо Босаља, Роланд Боер, Џанлука Капуано, Франческо Корти, Андреа де Кало, Рикардо Дони, Франческо Ерле, Џанлуиџи Џелмети, Даниеле Џиорџи Андреа Марчиол, Џорџо Мецаноте, Андреа Мориконе, Џанандреа Нозеда.

 

Анџело Тестори-тенор                                      

Роден во Болоња, Анџело Тестори дипломира виолина и ренесансно и барокно пеење на конзерваториумот „Б. Мадерна“ во Чесена, а подоцна магистрира во областа на стара музика на Приватниот универзитет за музика и уметност во Виена во класата на Роберта Инверници. Се усовршува и на високата Школа Канторум во Базел, а во 2022 е добитник на трета награда на натпреварот за барокно пеење „Франческо Провенсале“. Во 2023 година освојува награда на натпреварот во Сан Коломбано, и втора награда на натпреварот за стара музика „Марко Учелини“. Соработува со ансамблите „Маре Нострум“, Ансамблот „Балтазар Неуман“, „Кремона антика“, Вокалниот ансамбл „Бах“ од Салцбург, „Ред дот барок“ и др.

 

Масаши Томосуги-баритон

Масаши Томосуги е роден во Кагошима, Јапонија и дипломира на Музичкиот универзитет Шова во Токио. Неговиот широк оперски репертоар опфаќа сè од барок, па до современа опера, а негови најзначајни улоги се оние на Лепорело во Моцартовиот „ Дон Џовани“, Шарплес во „Мадам Батерфлај“, но и улоги во оперите на Доницети, Верди, Рота и Бизе. Моќниот глас и изразеното сценско присуство му овозможуваат настапи во Европа и Азија. Настапува во театрите во Мантова, Пиза, Модена, Таормина, Парма, Џенова и Мачерата. Во автентичните изведби на стара музика особено се истакнува во делата на Страдела со Андреа де Карло и ансамблот „Маре Нострум“ кои наидуваат на одлични одгласи меѓу публиката и стручната критика

 

„САНТА ПЕЛАГИЈА“

ОРАТОРИУМ ЗА ЧЕТИРИ ГЛАСА И КОНТИУО

ОД АЛЕСАНДРО СТРАДЕЛА

( Болоња 3 Јули 1643- Џенова 25 февруари 1682)

 

Настапуваат:

ЏУЛИЈА БОЛКАТО, сопран- САНТА ПЕЛАГИЈА

ДАНИЛО ПАСТОРЕ, контратенор- РЕЛИГИОНЕ

МАСАШИ ТОМОСУГИ, баритон- МОНДО

АНЏЕЛО ТЕСТОРИ, тенор- НОНО

 

МАРГЕРИТА БУРАТИНИ – харфа

ЏУЛИО ФАЛЦОНЕ- теорбо

ТОМАС ЧИГИОНИ – виолончело

СЕРЕНА СЕГЕТИНИ – виола да гамба

АМЛЕТО МАТЕУЧИ – контрабас

ЛУЧИЈА АДЕЛАИДЕ ДИ НИКОЛА – клавичембало и оргула

Дата

20 Јул 2024
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD500.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *