Италијанска  вечер

Дариа Масиеро – сопран
Андреа Кампора – пијано

 

Дариа Масиеро- сопран

Дариа Масиеро е една од најзнaчајните вокални уметници во Италија. Настапува со некои од најголемите оперски имиња на денешницата како Хозе Карерас, Пласидо Доминго, Лео Нучи, Ренато Брусон, под диригентските палки на Рикардо Мути, Антонио Папано, Мјунг -Вунг Чунг и многу други на некои од најпрестижните оперски сцени и на реномирани оперски фестивали.  Масиеро настапува во водечките сопрански ролји на италијанскиот репертоар како Елизабета во „Дон Карлос“ во Миланската „Скала“ и на фестивалот во Салцбург, таа е Лејди Магбет во „Магбет“ и Лиу „во Турандот“ театарот „Петруцели“ во Бари, Манон Леско во Уметничкиот центар во Сеул, Амелија во „Бал под маски“ во Павиа, Кремона и Комо, Федора во „Федора “ во Лече и Фоџа, Маргарита во „Мефистофел“ на оперскиот фестивал „Савонлина“, Маргарита во „Мефистофел“ и Тоска во Парма, Дездемона во „Отело“ во Милано, Комо, Кремона, Павиа, Бреша… Улогите на Лиу, Микаела и Тоска ги изведува во Сиднејскaта „Опера Хаус“.

Дипломирала соло-пеење и виолончело со највисоки оценки на Конзерваториумот „Алесандриа“, а потоа студирала на академијата при Миланската „Скала“ и со Мирела Фреени на Академијата за белканто во Модена.

Интернационалните ангажмани ѝ носат сценски потрети на ролји во Женева, Макао, Богота, Сеул, Прага, Риека, Варна, но и на фестивалот „Вексфорд“ и во Ирската опера. Критиката високо го оценува нејзиниот настап во Њујоршката опера како Фиора во „Љубовта на трите кралеви“ од Итало Монтемеци.

Концертниот репертоар на Дариа Масиеро ги вклучува солистичките сопрански партии во „Сон на летната ноќ“ на Менделсон, „Реквиемот“ од Верди, „Стабат Матер“ од Росини и многу други кои ги изведува низ концертните сали ширум светот.

 

Андреа Кампора- пијано

Роден во 1975 година, Андреа Кампора започнува да учи пијано на шестгодишна возраст, завршувајќи ги студиите на конзерваториумот „Н. Паганини“ во Џенова во 1993 година. Истовремено започнува да учи композиција, и студиите по композиција ги завршува во класата на Гилберто Боско на конзерваториумот „Џ. Верди“ во Торино во 1999 година, дипломирајќи и оркестарско диригирање на истиот конзерваториум следната, 2000 година. Паралелно со музичките студии, од 1994 година Кампора студира и математика на Универзитетот во Пиемонте, каде дипломира со почести во 2000 година.

По завршувањето на сите студии, успешно ги комбинира кариерите како композитор, пијанист и професор. Бил еден од шестмината финалисти на натпреварот „Димитрис Митропулос“ во Грција во 1999 година, по што неговото дело Концерт за оркестар е изведено во Атина. Како пијанист, честопати соработува со разни ансамбли во изведбата на камерна музика, но особено е признат како пијано-придружба на оперски пејачи. Оваа одлика му носи работа како пијанист и соработник во операта во Савона, а подоцна и во театарот во Торино каде еден период е асистент хор-мајстор.

Од 2004 -2008 година Кампора предава теорија на музика, солфеж на конзерваториумот „А. Вивалди“ во Алесандрија, а од 2008 година предава на конзерваториумот „Џ. Верди“ во Торино. Од 2008 година започнува интензивна соработка со еден од водечките издавачи на партитури и музиколошки материјали „Баренрајтер“ каде работи како автор на редукции на опери, ораториуми и хорски дела.

 

Програма:

 

Ф. П. Тости: Non t’amo più

Ideale

La Serenata

A Vucchella

L’ultima Canzone

 

Е. ди Куртис: Non ti scordar di me

 

С. Гасталдон: Musica Proibita

 

Е. Мориконе: Nuovo cinema paradiso

 

-пауза-

 

Џ. Верди: “Tacea la notte placida” од операта „Трубадур“

 

А. Каталани:“Eben ne andro’lontana” од операта „Ла Вали“

 

Џ. Пучини: “Oh mio babbino caro” од операта „Џани Скики“

 

П. Маскањи: Интермецо од „Кавалерија рустикана“

 

Џ. Пучини: “Vissi d’arte” од операта „Тоска“

 

Џ. Пучини: “Un bel di vedremo” од операта „Мадам Батерфлај“

Дата

29 Јул 2022
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD700.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000
italy

Organizer

italy

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *