Изложба на фотографии – „Над кулисите“

Изложба на фотографии

„Над кулисите“

Александар Томовски

 

Александар Томовски е роден 1985 година во Скопје – софтверски инженер преку ден, фотограф и филмаџија во останатото време.

Неговата љубов кон фотографијата се буди во природата и планинските височини, па се симнува и расте низ градските улици и се доближува до секојдневието на луѓето, за постепено да се насочи во доловување на суштината на жената, која низ вековите ја дефинира уметноста и претставува вечна инспирација за уметниците. Можеби тука некаде го пронаоѓаат своето место и балетот и балерините, со сета елеганција и грациозност којашто ја поседуваат, но и експресиите преку глумата, танцот, костимите…

Низ годините учествува на престижни меѓународни натпревари и групни изложби во истакнати галерии, стекнувајки се со бројни златни, сребрени, бронзени медали, почесни награди, дипломи, признанија…

На натпревари под патронат на престижните FIAP, PSA итн. се среќава и како член на жири комисијата, а за прв пат како претставник од С. Македонија е поканет и во жирито на годишните награди на рускиот интернационален натпревар 35Awards.

Од септември 2022 се стекнува и со престижното звање: Кандидат – мајстор на фотографија при Националната Фото унија на Македонија и прогласен во топ 5 најуспешни излагачи на фотографија за 2022 и 2023 година. Томовски, моментално е во формално исчекување за доделување на титула Мајстор на фотографија.

Во 2022 година ја отвори својата прва самостојна изложба насловена: „Над кулисите“, во Младински културен центар – Скопје, а во мај, оваа  2023 во фоајето на Националната опера и балет се претстави со изложбата „1001 приказна“ во рамки на фестивалот „Мајски оперски вечери“.

„Александар е современиот скопски Едгар Дега. Повеќе е присутен зад сцената на Националната опера и балет и од самите балерини. Своевремено, Дега со својот тефтер неуморно ги скицирал активностите на балерините зад и на сцена – сликал и вајал. Но, да имал фотоапарат и камера, сигурен сум дека ќе фотографирал и ќе снимал! Токму тоа задоволство го ужива Александар, каде што со години е присутен помеѓу ходниците, сцената, зад сцената, салите за вежбање…“ – Дејан Џолев – Скала.

„Над кулисите“ (Above the curtains) претставува колекција фотографии која во континуитетот го следи авторот и неговите фасцинации од сцената на Националната опера и балет; доближувајќи нѐ до балетот и балерините во „Зад кулисите“, за преку „1001 приказна“ да долови широк спектар од оперската и балетската, како и музичката дејност која се создава во рамките на Националната опера и балет, и преку „Над кулисите“  да пренесе една уникатна перспектива, која од несекојдневна гледна точка ја пренесува сцената и сценските уметници доловени од птичја перспектива.

Дата

25 Јул 2023
Expired!

Време

19:30 - 21:00

Категорија

дополнителна програма
Предворје на Св. Софија

Локација

Предворје на Св. Софија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *