Камерен мешан хор „Св.Климент Охридски“

Камерен мешан хор „Св. Климент Охридски“

Диригент: Панче Јосифов

Солисти:

Биљана Јосифов -сопран

Лидија Пшенко-алт

Дејан Стоев-тенор

Невен Силјановски-бас-баритон

 

Камерниот мешан хор „Св. Климент Охридски“ е формиран во1992 година при Архиепископскиот Соборен храм  „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Хорот редовно ја изведува првата македонска православна литургија  „Литургија на Св. Јован Златоуст”од композиторот Атанас Бадев.

Неговата основна дејност е опслужување на потребите на МПЦ – ОА и досега има одржано 1500 Воскресни (неделни) литургии, 500 Празнични литургии и 18 целовечерни годишни концерти.

Паралелно со оваа активност, хорот е присутен и на концертните подиуми во Македонија, како и на меѓународни фестивали. На меѓународната сцена хорот се појавува на фестивалот на православна – духовна музика во Хајновка, Р. Полска во 1998 и 2001 година, во категорија на професионални хорови каде се здобива со наградата Лауреат на фестивалот. Во 1999 година учествува на меѓународниот фестивал на духовна музика во Софија, Р. Бугарија, додека пак во 2000, 2002, 2007, 2013 и 2019 година хорот се претставува со целовечерни концерти во Рим, како и со целовечерен концерт и Воскресна литургија во 2008 година во Неиве област Алба  Р. Италија. Исто така, со целовечерни концерти хорот е присутен и на престижниот фестивал „Охридско лето“ и тоа  во: 1998, 2001, 2002, 2009 и 2012 година. Покрај богатиот репертоар на православна духовна музика од светските и македонските класични и современи автори, хорот на својот репертоар има и композиции од стари мајстори, композитори од романтичниот период, обработки на македонска фолклорна музика, како и црковни композиции од западната римо-католичка традиција. Хорот е составен од професионални вокални уметници, солисти, вокални педагози и хорски уметници.

Уметнички раководител и диригент на овој ансамбл е проф. м-р. Панче Јосифов.

 

Панче Јосифов-диригент

Панче Јосифов е роден во семејство на театарски уметници. Дипломира на отсекот за музичка теорија и педагогија на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде подоцна и магистрира хорско диригирање во класата на Драган Шуплевски.

Кариерата ја започнува како корепетитор и асистент хор мајстор на тогашниот Радио хор при МРТВ каде работи во периодот од 1975-1998 г. Истовремено е вработен како хорски уметник во хорот на Македонската опера, каде од 1998 година е асистент хор мајстор и ги предводи пробите со младите вокални уметници и диригира подиум музика. Од 1995-1998 година е уметнички раководител и диригент на академскиот хор „Мирче Ацев“, а од 1990 па сѐ до неговото пензионирање, Панче Јосифов предавал хорско пеење, солфеж и теорија на музика во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

Тој е основач, уметнички раководител и диригент на мешаниот хор „Св. Климент Охридски“.

 

Програма:

 

К.  Македонски: Химна на св. Климент Охридски

С.  Мокрањац: Тебе појем

А.  Архангелски: Господи услиши

А.  Бадев: Иже херувими – Јако да царја

А.  Лвов: Кто без риданија

Т.  Зографски: Сијанием

С.  Рахмањинов:  Богородице дево радујса

С.  Мокрањац: Њест Свјат

А.  Архангелски: Гласом моим

Д.  Бортњански: Сеј Ден

С.  Рахмањинов:  Тебе појем

А.  Архангелски: К Богородице прилежно

Г.  Свиридов: Страное рождество

С.  Рахмањинов: В Молитвах неусипајушју

Непознат автор:  Многаја лета

Дата

08 Авг 2022
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD300.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *