„ЛУКСУРИА“ Фламенко балет – Барселона, Шпанија

Менаџмент: Фламенко Агенција, Др. Хаиме Транкосо.

Кореографија:

Давид Гутјерез, Паула Рејес во соработка со Тања Мартин, Карлос Ромеро и Кости ел Чато

 

Драматургија: Давид Гутјерез, ПаулаРејес

 

Графички дизајн: Алба Гил

 

Дизајн на светло: Дание Пелесин

Дизајн на тон: Маркос Пирието

 

Фотографија: Тони Хименез, Белен Кодина, Естеве Ланес

 

Костими: Хокерти, Продукција Гутјерез

 

Музика:

Жорди Сентено-гитара

Алберт Касес- вокал

Алберто Гаридо-удиралки

Алехандро Мартинез-пијано

Рафа Паломарес- флејта и саксофон

 

Танчери:

Давид Гутјерез, Паула Рејес

Алисија Рејес,  Андреа Амаја, Марија Бардолет, Клаудија Мартинел и Естефаниа Маиз.

 

„Луксурија“

Добредојдовте во свет полн со напнатост, интриги, комплексна динамика, љубов, лојалност и трагедија. Ова се само некои од суштинските емоции кои се содржани во новото ремек-дело на Барселона Фламенко балет. Под кореографското водство на Давид Гутјерез, кој досега има режирано повеќе успешни претстави, „Луксурија“ е сосем ново шоу кое гарантира дека ќе ја остави публиката без зборови и ќе остане долго во сеќавањата на гледачите. „Луксурија“ има сѐ- од секс и скандал, преку тотален, недвосмислен шок и нови, иновативни комбинации на традиционалното и модерно фламенко што ја прави со сигурност една од најспектакуларните фламенко продукции во последните години.

Приказната се фокусира на машкиот лик, успешен уметник со бројни внатрешни конфликти, убеден дека жените се сосем заинтересирани за него. Сепак, тој се соочува со потешкотии кога треба да се сретне со љубовта на неговиот живот. Иако, навидум едноставно, како чин на судбина- тој сфаќа дека не може комплетно да ѝ се предаде на љубовта. Тој е толку  комплексно инволвиран, што чувството на страст му попречува да ги искаже вистинските чувства и тоа е помешано со несигурност, горделивост, амбиција и неминовно со осаменост.

Страста е секако неверојатно фасцинантна тема, и фламенко танците се чини се перфектен медиум да се изрази ова чувство низ интригантните движења и структура на формата на танцот. Луѓето често како дел од општествените норми- страста ја поврзуваат неминовно со сексуалните потреби кои се толку силни што најчесто ја „прелеваат чашата“. Луксурија се фокусира на поинаква страст, на страста во нејзиното интегрално значење на зборот, кое доаѓа од латинскиот јазик и ја означува страсната посветеност со која музичарите и танчарите ја пренесуваат својата уметност. Публиката кога гледа фламенко, на извесен начин како да е еден вид „натрапник“ во таа изведба, исполнета со емоции и лични интерпретации на „страст“- затоа што личноста обидувајќи се да се изрази поминува низ огромен дијапазон на „лични“ патешествија кои меѓу останатото вклучуваат:  самотија, депресија, па дури и лудило.

Зошто „Луксурија“ е толку посебна? Затоа што истовремено е крајно модерна, но и екстремно традиционална дозволувајќи ваквата синтеза да има ефект и врз музиката која е „микс “ на класика, џез и конвенционална фламенко музика. На тој начин се постигнува убавина која е лирска и трагична, водена од конфликти и нивни разрешници. На тој начин се креираат бројни интензивни емоции кои се длабоко интимни, но и универзални.

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

Авг 04 2022

Време

21:00

Цена

MKD1,000.00

Категорија

музичка програма
Антички театар

Локација

Антички театар
Антички театар Охрид
spain

Organizer

spain

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.