Нишки симфониски оркестар
Нишки симфониски оркестар
Нишкиот симфониски оркестар е единствена институција од ваков профил надвор од Белград, кој во Србија, а и пошироко делува седумдесет години.
Основна дејност на оркестарот е изведување на уметничка музика, истовремено негувајќи го културното наследство со учество на бројни уметници од Србија и од странство.
Оркестарот има остварено гостувања на бројни манифестации „Денови на Мокрањац“ во Неготин, фестивалот „Дубровнички летни игри“ (Хрватска), Фестивалот „Олимпус“ (Грција), фестивалот „Свет на музиката“ во Фивицано (Италија) како и гостување во Грац (Австрија).
Нишкиот симфониски оркестар е добитник на значајни награди и признанија: Златна плакета на културно-просветната заедница на Србија, Наградата на ослободување на градот Ниш, Златна значка на Југословенските хорски свечености во 1970 година, како и највисокото признание на градот Ниш- наградата „11 Јануари“.
Во февруари оваа година, Нишкиот симфониски оркестар е одликуван со указ на Претседателот на Република Србија со „Сретењенскиот орден“ од трет степен.
Зоран Станисављевиќ-диригент
Зоран Станисављевиќ (1972), дипломирал диригирање во 2001 година на Факултетот за уметности во Приштина во класата на проф. Јован Шајновиќ, а магистрира на ФМУ во Белград во класата на проф. Шајновиќ и проф. Даринка Матиќ-Маровиќ. Бил асистент диригент на Академскиот хор на Универзитетот во Ниш од 1999-2004 година, а во 2004 година го основа Женскиот хор на Студенскиот културен центар во Ниш. Со овие ансамбли настапува во Република Српска, Словенија, Северна Македонија, Бугарија, Грција, Белорусија, Шпанија и Италија. Бил ангажиран како асистент диригент на Нишкиот симфониски оркестар во 2002/2003 година, а настапувал со Симфонискиот оркестар на Војската на Р. Србија „Станислав Бинички“, со оркестарот на Факултетот за уметности во Ниш, Камерниот оркестар „Аморозо“ – Лесковац, Камерниот оркестар „Импресија“ -Ниш и камерниот оркестар на Битола и оркестарот „Полифонија“ во С. Македонија. Со хоровите со кои работи освојува бројни награди и признанија, а во хорската недела во 2010 е избран за вокален педагог на Европскиот хор. Од 2012 е диригент и уметнички раководител на Академскиот хор на СКЦ при Универзитетот во Ниш со кој исто така освојува бројни награди меѓу кои гран при и награда за најдобар диригент на фестивалот „Черноморски звуци“ во Балчик, Бугарија. Од 2012 година е ангажиран како гостин диригент на Нишкиот симфониски оркестар. Работи како редовен професор на Факулетот за уметности во Ниш.
Програма
В. А. Моцарт: Serenata notturna бр. 6 K.239
Marcia
Minuetto
Rondo
С. Барбер: Adagio за гудачи
Б. Бритн: Simple Symphony
Boisterous Bourrée
Playful Pizzicato
Sentimental Sarabande
Frolicsome Finale
-пауза-
Д. Шостакович: Камерна симфонија op. 110a
Largo – attacca
Allegro molto- attacca
Allegretto- attacca
Largo- attacca
Largo
Д. Шуплевски: Капричо бр. 1 за гудачки оркестар