Подиум на млади уметници
Богдан Дугалиќ – пијано, Србија
Богдан Дугалиќ е роден во 2003 година во Белград и започнува да учи пијано во музичкото училиште „С. Мокрањац“ во класата на проф. М. Ѓорѓевиќ. Моментално студира во класата на проф. Павел Гилилов на Универзитетот „Моцартеум“ во Салцбург.
Добитник е на бројни награди и признанија на меѓународни натпревари во Италија, Србија, Естонија, а од 2012 година соработува со познатиот пијанист и педагог Константин Богино. Настапува на фестивалот „Musica in laguna” во Италија во 2016 година каде со фестивалскиот оркестар исполнува концерти од Моцарт, Бетовен, Шопен и Чајковски. Со „Гудачите на Св. Ѓорѓе“ исполнува концерти од Бах, Моцарт и В. Миленковиќ.
Богдан Дугалиќ е еден од победниците на Музичката продукција на РТС „ Млади и успешни“ по што настапува со Симфонискиот оркестар на РТС изведувајќи го концертот за пијано и оркестар од Чајковски. Во 2018 е добитник на стипендија од асоцијацијата „Бартоломео Кристогори“ во Италија, а во 2019 година е стипендијант на академијата „Пероси“ во Италија каде има можност да работи со Д. Алексеев, Ф. Казанова и М. Видлунд.
Настапува ширум Европа, во Германија, Австрија, Естонија како и во неговата родна земја Србија.
Програма:
Ф. Шопен: Анданте спианато и голема брилијантна полонеза оп. 22 Es-dur
Ф. Шопен: Соната бр. 2 оп. 35 b-moll
Grave – Doppio movimento
Scherzo
Marche funèbre: Lento
Finale: Presto
С. Прокофјев: Соната бр. 7 оп. 83 B-dur
Allegro inquieto
Andante caloroso
Precipitato