Полска вечер; Четирирачно пијано

Ана Миерник досега има настапувано на пет континенти и во 38 земји во светот. Во 2015 година настапува во Карнеги Хол во Њујорк во салата за рецитали „Вајл“. Одржува концерти во престижни концертни сали како во Сиднејската опера, Националниот театар во Лима, Палатата „Белес Артес“ во Мексико и др. Како дел од програмата „Ел Система“ настапува со симфонискиот оркестар „Хуан Хосе Ландаета“, како и со Националниот симфониски оркестар во Аргенитна, Државниот оркестар во Мексико, оркестарот во Јукатан, Црногорскиот симфониски оркестар, Оркестарот на РТВ Албанија, Филхармонијата во Марчигиана, како и повеќе оркестри во Полска, Аргентина, Шпанија, Бугарија, Венецуела и Перу.  Настапувала во Отава и Калгари во Канада, во Канбера, Сиднеј, Мелбурн, Бризбејн и Перт во Австралија, Велингтон во Нов Зеланд, во Виена, Париз, Рим, Бари, Мајами, Сао Паоло, Бразилија, Буенос Аирес, Богота, Лима и Сантијаго де Чиле.

 

Јоана Сохачка

Опишувана од критиката како уметник кој „не само што свири, туку живее во музиката“ (Соња Колер, Генерал Анцејгер) и како „пијанист кој  ги истражува  звучните светови со интелигенција и пијанистичка култура“(Реми Франк за списанието „Пицикато“), Јоана Сохачка веќе ја има освоено публиката во многу земји Англија, Франција, Австрија, Бугарија, Германија, Чешка, Шпанија, Швајцарија, Естонија, Холандија, Италија, Молдавија, Израел. Настапувала во престижни концертни сали како Карнеги Хол во Њујорк, Националниот форум за музика во Вроцлав, Ројал Алберт Хол во Лондон, Бетовен хаус во Бон, Националната филхармонија во Кишињев, Националната филхармонија во Варшава. Јоана е носителка на награди и признанија од повеќе од 30 меѓународни натпревари за пијано во Англија, САД, Естонија, Франција, Германија, Австрија, Унгарија, а во 2019 година се закитува со прва награда и со сите специјални награди на натпреварот за пијанисти во Падова, Италија.

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

14 Авг 2024

Време

21:00

Цена

MKD300.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *