Премиера на театарска претстава „ГАЛЕБ“ од А.П.Чехов

Во режија на Багријана Попов

Н.У. народен театар Битола, Р.С. Македонија

„Ме привлекува ова езеро, како галеб“

„Како да се разбудив и видов дека одненадеж езерото пресуши“

Во оваа претстава ја истражуваме улогата на езерото и животната средина во корелација со животите на луѓето. Галебот прикажува една еколошка средина во која што езерото, човечките односи, љубовта, животот и дивиот свет се меѓусебно поврзани и кревки.

Млад човек живее покрај езеро, во провинции, изолиран. Тој сонува да биде уметник. Младата жена во која е вљубен сонува да биде актерка. Неговата мајка е позната актерка. Нејзиниот љубовник е познат писател. Оваа прекрасна, нежна претстава нè води во светот на уметноста, љубовта, сонот за слава и болната реалност на животот.

Чехов ја нарече претставата комедија, но последниот момент е трагичен, со загубата на младиот Костја. Претставата ги наметнува прашањата: Како може да се избегне оваа загуба?  Можеме ли подобро да се грижиме за луѓето и природата?

Со актерите од Битолскиот театар го носиме галебот овде и сега, со езерото како централен карактер, суптилно влијаејќи на односите кои се одвиваат околу него. Волшебната претстава на Чехов е љубовно писмо за животот, носејќи ја нашата свест до кршливост и потребата за грижа.

Багријана Попов е наградувана театарска режисерка, драматург и актер.  Соработувала со признати актери во Австралија и Европа. Нејзината верзија на „Чичко Вања“ од Чехов, во продукција со „Ла Мама“, беше изведена со високи пофалби на фестивалот во Аделаида во 2019 година.  Багријана покажува длабок и траен интерес за драмите на Антон Чехов и ги има адаптирано и режирано неговите четири главни драми. Театарската адаптација на „Вишновата градина“ – на „Прогрес и меланхолија“ – освои 3 награди, меѓу кои и награда за најдобра режија.

Таа предава и режира во повеќе институции во Австралија, вклучувајќи ги западно-австралиската академија за применети уметности, Викторија колеџот за уметности, Универзитетот во Тасманија, Универзитетот Ла Троб, Универзитетот Чарлс Стурт.

 

Улоги:

Јулијана Мирчевска

Илија Волчевски

Огнен Дранговски

Катерина Аневска- Дранговска

Васко Мавровски

Соња Ошавкова

Леонида Гулевска

Александар Димитровски

Живко Борисовски

Валентин Дамчевски

Дарко Велкоски

 

Сценографија : Валентин Светозарев

Костимографија : Благој Мицевски

Музика : Александар Димовски

 

Претставата трае 2 часа

Претставата не е наменета за лица под 16 годишна возраст

Дата

22 Јул 2024
Expired!

Време

19:30

Цена

MKD300.00

Категорија

драмска програма
Долни Сарај

Локација

Долни Сарај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *