Премиера на театарската претстава „РАЦИН“ Според Кочо Рацин

НТ ЈХК Џинот, Велес

Претставата Рацин нема за цел да ги прикаже фактите онакви какви што историјата ги пренесла, а културата ги кодирала во себе, целта е тие да се обојат со автентичен рефлектор, да се фрли светлина врз митологизираниот Рацин, да се деконструира, да се демитологизира и да се дадат неколку возможни одговори на прашањето: Што нам денес ни значи Рацин? Претставата е повеќе рефлексија отколку нарација, повеќе фрагмент отколку целина, повеќе антитеза отколку теза – Рацин од денес, тргнат кон секое возможно утре.

Дејан Пројковски е македонски режисер. Роден е 1979 година во Битола. Дипломирал и магистрирал театарска режија на Националната академија за театарска и филмска уметност „Крсто Сарафов“ во Софија. Работи како вонреден професор по театарска режија и глума на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк. Направил голем број значајни режии во Македонија и земјите од регионот. Извесен период беше и директор на Македонскиот народен театар.

Тој е еден од водечките македонски театарски режисери и професор по театарска режија и глума на Универзитетот за аудио-визуелни уметности „Европа Прима“. Пројковски се потврди како режисер на големи дела на светската класика, создавајќи претстави со специфичен естетски и иновативен сценски јазик. Неговите претстави се прикажани не само кај нас, туку и надвор од границите на земјата и тоа:  Србија, Бугарија, Русија, Турција, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина а ко-продуцираше претстави со германски, италијански и словенечки театри и фестивали.

 

Драматург: Сашо Димоски, според Кочо Рацин

Сценограф: Валентин Светозарев

Костимографи: Раде Василев и Елена Вангеловска

 

Улоги:

Васил Зафирчев, Исидор Јованоски, Кети Борисовска, Весна Димитровска-Бобевски, Јордан Витанов, Слободанка Чичевска, Талија Настова, Благојчо Стојанов, Славица Манаскова, Орхидеја Дукова, Кристина Зафирова, Илин Јовановски, Леонида Гулевска, Тодор Стојковски, Бранко Михајлоски, Илина Чонкова

Композитор: Сашко Костов

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

30 Јул 2024

Време

21:00

Цена

MKD300.00

Категорија

драмска програма
Центар за култура „Григор Прличев“

Локација

Центар за култура „Григор Прличев“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *