Промоција на книгата “Боите на мојата музика”

Автори: Снежана Анастасова Чадиковска и Марко Коловски

 

Книгата “Боите на мојата музика”, е приказна  за животниот и творечкиот пат на Снежана Анастасова Чадиковска, истакната пијанистка, пијано педагог, музички публицист, аниматор и организатор.

 

Снежана Анастасова – Чадиковска низ своите спомени за контекстот во кој раснел и разраснувал нејзиниот огромен опус и музикологот Марко Коловски – со поглед од страна, како обид на навидум невозможното, стручно да се опсервира непрегледното, создаваат уникатно дело примамливо за секој читател. Колоритна, раскошна, блескава, всушност како и боите на сликата “Хипостази на животот“ од ликовниот уметник Венијамин Хаџи – Наумов, која визуелно го збогатува ова издание.

Овој настан ќе ја поттикне љубопитноста да ѕирнете меѓу колоритот на кориците и да откриете за контекстот, за извориштата, за современиците, за што уште не – за Снежана Анастасова – Чадиковска, вечер исполнета со Боите на нејзината музика….

 

Издавач

Музички Издавачки Центар (МИЦ)

 

Промотори

Илинденка Петрушева │ Филмолог, филмски критичар, историчар на филмот, есеист

Александар Трајковски │ Музички теоретичар, истражувач, педагог и публицист

 

Модератор на промоцијата

Милчо Јованоски │ Директор на Националната установа Библиотека „Григор Прличев“- Охрид , новинар и публицист

 

Водител на настанот

Наташа Попоска – Карче │ Сликар, уметник, стоматолог

Дата

27 Јул 2023
Expired!

Време

19:00

Категорија

дополнителна програма
Предворје на Св. Софија

Локација

Предворје на Св. Софија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *