Промоција на книгата “Боите на мојата музика”
Автори: Снежана Анастасова – Чадиковска и Марко Коловски
Книгата “Боите на мојата музика”, е приказна за животниот и творечкиот пат на Снежана Анастасова Чадиковска, истакната пијанистка, пијано педагог, музички публицист, аниматор и организатор.
Снежана Анастасова – Чадиковска низ своите спомени за контекстот во кој раснел и разраснувал нејзиниот огромен опус и музикологот Марко Коловски – со поглед од страна, како обид на навидум невозможното, стручно да се опсервира непрегледното, создаваат уникатно дело примамливо за секој читател. Колоритна, раскошна, блескава, всушност како и боите на сликата “Хипостази на животот“ од ликовниот уметник Венијамин Хаџи – Наумов, која визуелно го збогатува ова издание.
Овој настан ќе ја поттикне љубопитноста да ѕирнете меѓу колоритот на кориците и да откриете за контекстот, за извориштата, за современиците, за што уште не – за Снежана Анастасова – Чадиковска, вечер исполнета со Боите на нејзината музика….
Издавач
Музички Издавачки Центар (МИЦ)
Промотори
Илинденка Петрушева │ Филмолог, филмски критичар, историчар на филмот, есеист
Александар Трајковски │ Музички теоретичар, истражувач, педагог и публицист
Модератор на промоцијата
Милчо Јованоски │ Директор на Националната установа Библиотека „Григор Прличев“- Охрид , новинар и публицист
Водител на настанот
Наташа Попоска – Карче │ Сликар, уметник, стоматолог