Промоција на книгите „РАДИО“ и „НЕПРАВИЛЕН РИТАМ“

Автор: Љупчо  Јолевски, Р.С. Македонија

 

РЕЦЕНЗЕНТИТЕ ЗА КНИГАТА „РАДИО“

За мене беше речиси неверојатно да се помисли (или посака, како сакате), во една книга, меѓу две корици, да се претстави македонската уметност и култура во нејзиниот тотал, во нејзината интегрална форма. Па дури и да се работи во некаква релативно кратка временска отсечка. Да речеме, некои пет-шест години. Тоа беше „невозможен потфат“ за моите сфаќања. И сѐ уште, во извесна смисла ќе остане така. Во извесна – затоа што во меѓувреме имав можност, барем накусо „да ја допрам“ обемната книга со едноставен наслов – „Радио“, од авторот Љупчо Јолевски да ја прелистам бегло и да заклучам дека понекогаш и навидум невозможното станува возможно.

 

Марко Коловски, музиколог и уредник во Македонско радио

Љупчо Јолевски професионалната новинарска кариера ја започнал во почетокот на 1980-те во весникот на младите на Македонија – „Млад борец“. Безмалку едновремено со  почетокот од Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Една деценија подоцна, во 1990-те се префрла во Втората програма на Македонското радио, каде бил новинар и водител на неколку контактни и музички емисии, за од 1995 година покрај редовните програмски обврски, цели четири години да биде уредник – координатор на култната Стотројка (Музичкото радио – Канал 103), која во тој период за своите програмски дострели ја добива и Годишната награда на МРТВ.

Истото ова признание што го доделуваше МРТВ Љупчо Јолевски, како новинар и уредник, ќе го добие во 1998 година.

Во таа декада и половина, тој  со своите текстови бил присутен во ревијата Екран, магазините „Рок“, „Време – забаве“, „Македонско време“, „Град“…

Инаку, Љупчо Јолевски има објавено две книги „Радио“ и „Неправилен ритам – Приказни од современата македонска музичка сцена“ и за својата долгогодишна работа во новинарството минатата година ја доби наградата „13 ноември“ што ја доделува Град Скопје.

 

 

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

06 Авг 2024

Време

21:00

Категорија

дополнителна програма
Предворје на Св. Софија

Локација

Предворје на Св. Софија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *