Rising stars; Кимера трио (Италија)

Трио Kимера

Марта Черета пијано

Стефано Ракањи виолина

Џорџо Лукини виолончело 

 

Триото „Кимера“ е оформено под менторство на Патрик Јуед на Високата школа за уметности во Берн и неговите членови се здобиваат со магистериум по камерна музика во 2023 година. Во Италија студираат со квартетот „Кремона“ во Центарот за гудачки инструменти „Стауфер“, а постдипломските студии ги завршуваат на Конзерваториумот „А. Боито“ во Парма под стручно менторство на квартетот „Парма“.

Инспирација и искуство црпат од соработките со Миша Мајски, Амирам Ганц од триото „Алтенберг“, од Антонио Менезес и од Екарт Рунге кој е  член на квартетот „Артемис“.

Триото е официјален член на Европската академија за камерна музика каде имаат можност да учат од Хато Бејерле (квартет „Албан Берг“), Вера Мартинез Менер (квартет „Касалс“), Јенс Елвекјаер (Трио кон Брио) и Ернесто Молинари (Клангфорум Виена).

Во 2022 година триото ја добива наградата „Најдобар италијански ансамбл“ на натпреварот за камерна музика „Филипо Никозија“, потоа во 2023 и 2024  година добиваат втори нагаради и награди за најдобра изведба на современо дело на натпреварот „Луиџи Ноно“ и прва награда на натпреварот во Ланкастер. Во 2025 година се закитуваат со прва награда на натпреварот во Бусан во Јужна Кореја, и на натпреварот „Алберто Бури“ во Кастело.

Настапуваат во повеќе концертни сали низ Европа во Барселона, Мадрид, Будимпешта, Вилнус и Париз, а во 2023 година настапуваат во Адис Абеба со Симоне Грамаљија со кој одржуваат и семинар за студентите на Универзитетот „Јаред“. Во 2024 година дебитираат на турнеја во САД каде одржуваат повеќе концерти во Вашингтон и во други градови. Во Италија настапуваат во Сполето, Милано, Виченца, Јеси, Верчели и др.  Во 2022 година на покана на Универзитетот во Тирана одржуваат 2 концерти и семинар заедно со Јоханес Крец, Јана Андреевска и Анелис ван Парис. Во 2023 година се резидентен ансамбл за Натпреварот за композиција на Академијата „Финци“ во Милано, а во 2025 година за нив пишува дело композиторот Фабио Ваки.

Името на квартетот доаѓа од грчката митологија, но е тесно поврзано со една од фантастичните пиеси на Роберт Шуман од Опусот 12, како и со истоимената поема на италијанскиот писател Дино Кампана.

 

Програма:

 

Л. В. Бетовен: Трио во c-moll оп.1 бр. 3

  • Allegro con brio
  • Andante cantabile con variazioni
  • Quasi Allegro
  • Prestissimo

 

Б. Мартину:  Трио бр. 1 „Пет куси пиеси“

  • Allegro moderato
  • Adagio
  • Allegro
  • Allegro moderato
  • Allegro con brio

 

Д. Шостакович: Трио бр. 2 оп. 67

  • Andante
  • Allegro con brio
  • Largo
  • Allegretto
  • 00

    days

  • 00

    hours

  • 00

    minutes

  • 00

    seconds

Date
16 Јул 2026
Time
21:00
Cost
MKD400.00
Labels
музичка програма
Location
Црква Св. Софија
Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *