Роденденски концерт на фестивалот Салса ансамбл „Меркадонегро“

Меркадонегро салса оркестар

 

Оркестарот Меркадонегро салса во Европа е оформен од Армандо Миранда (Хозе Армандо Миранда Алдама „Ел Моро“) роден во 1974 година во Хавана, Куба. Тој студирал на конзерваториумот „Феликс Варела“ во Хавана и соработувал со Мангуаре, Нирука Еспињола, Ире Арче.  Миранда е водечкиот вокалист на групата и автор на голем број од композициите. Родриго Родригез роден во 1974 година во Картагена де Индиас во Колумбија е пејач и перкусионист на ансамблот, додека пак Цезар Кореа e роден во 1975 година во Трухијо, Перу студирал пијано на Конзерваториумот во Фрибург, како и на Џез академијата во Берн, Швајцарија.

Меркадонегро успева да создаде нов стил во жанрот на салса музика. Неговите членови доаѓаат од различни делови на Латинска Америка и секој од нив носи сопствени традиционални тенденции, но оние на Перу, Куба, Колумбија, Венецуела, Италија и Бразил се составен дел на овој музички микс и го прават стилот на Меркадонегро специфичен и препознатлив.

Благодарение на нивната средба со виолинистот Алфредо де ла Фе, настапуваат во престижни локали како Рони Скотс во Лондон, но и на фестивалите во Гластонбери,  фестивалот „Ново утро“ во Париз, Џез фестивалот во Истанбул, Фестивалот „Павароти и пријателите“ во Модена, Фестивалот во Монтро во Швајцарија, „Фиеста“ во Рим, како и на фестивали во Монте Карло и Атина, делејќи ја сцената со Карлос Сантана, Металика, Буена Виста, Соушл клуб и др.  Три последователни години соработуваат со кралицата на салса музката – Силија Круз, а биле придружен бенд на легендарни уметници како Чео Фелисијано, Тони Сукар, Тито Ниевес, Лало Родригез, Хозе Алберто „Ел Канарио“, Албита Родригез, Вили Чирино, Реј Сепулведа, Вили Гонзалес, Енди Монтањес, Алберто Сантијаго, Ричи Реј и Боби Круз и многу други. Меркадонегро е дел од проектот „Њујорк салса ол старс“ заедно со Џовани Хидалго, Џими Бош, Хозе Алберто, Дејв Валентин и Френки Моралес. Учествуваат во снимањето на албумот на „Латитуди“ на Алфредо де ла Фе, а снимаат и сопствени албуми. Групата ја одликува „заразната“ енергија на сцената, а нивната музика е очигледно под влијание на нивниот идол Еди Палмиери. Тие се без двоумење една од најдобрите салса групи во Европа.

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

04 Авг 2024

Време

21:00

Цена

MKD500.00

Категорија

музичка програма
Долни Сарај

Локација

Долни Сарај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *