Роденденски концерт на Охридско лето; Жуана Амендоира – Фадо вокал

Жуана Амендоира- Фадо вокал

Педро Амендоира-Португалска гитара

Жуао Фелипе-Фадо гитара

 

Жуана Амендоира е една од најрелевантните претставници на тн. „нова генерација на Фадо уметници“. Верна на традиционалната основа на фадото, гласот на Жуана Амендоира и дава нов живот и нова смисла на оваа специфична вокална форма.

Родена е во 1982 година во Санатрем, уште од најрана возраст Жуана Амендоира чувствува силна привлечност кон фадо пеењето. На 13 годишна возраст учествува на манифестацијата „Големата ноќ на Фадо во Порто“ каде ја освојува првата награда за најдобра женска изведба. Од тогаш, редовно настапува на концерти во Португалија и надвор од неа. Нејзините повеќе од 20 години искуство на сцената, 10 издадени албуми, и претставување на фадо музиката на некои од најголемите светски концертни подиуми ја прават Амендоира релевантен и уникатен претставник на фадо традицијата на која таа и додава особено впечатлива енергија.

Настапувала на турнеи низ целиот свет: Холандија, Шпанија, Франција, Австрија, Италија, Белгија, Шведска, Велика Британија, Унгарија, Литванија, Јапонија, Јужна Кореја, Бразил, Аргентина, Индија на концерти и на значајни фестивали. Пее придружувана од оркестар или со различни ансамбли, но нејзини редовни концертни соработници се Педро Амендоира – португалска гитара и Жуао Фелипе – фадо гитара.

Жуана Амендоира е горда претставничка на суштинската традиција на Фадо, зачувувајќи ја неговата форма но давајќи и специфична индивидуалност поради што денес, таа се вбројува во ретките и препознатливи изведувачи на португалската национална песна.

Дата

04 Авг 2023
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD1,000.00

Категорија

музичка програма
Долни Сарај

Локација

Долни Сарај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *