Шпанска вечер
Трио „Вибрарт“
Хуан Флористан – пијано
Мигел Колом – виолина
Фернандо Ариас – виолончело
Триото „Вибрарт“ е основано во 2015 година во Берлин и е резултат на спојот на тројца исклучителни музичари кои решително, со искрен и автентичен пристап му се посветуваат на репертоарот за пијано-трио. Името на ансамблот „Вибрарт“ ја отсликува моќта на камерната музика да ја допира, да комуницира и да остава силен уметнички печат врз публиката.
Сите тројца членови на триото покрај активноста со камерна музика продолжуваат паралелно со индивидуална музичка кариера. Школувани на Високата школа за музика „Кралица Софија“ во Мадрид и во Берлин, тие ја комбинираат нивната кариера со педагошка активност и со оркестарски проекти.
Хуан Флористан е носител на награди од натпреварот „А. Рубинштајн“ и од Натпреварот за пијанисти во Сантандер, и е професор на Академијата „Баренбоим-Саид“. Виолинистот Мигел Колом е концерт-мајстор на Шпанскиот национален оркестар и предава на Високата школа за музика „Кралица Софија“ и на Академијата „Баенбоим-Саид“, додека пак Фернандо Ариас е добитник на бројни награди и признанија и е професор на Кралскиот конзерваториум во Мадрид и предава на на Високата школа за музика „Кралица Софија“.
Како трио се обликуваат под менторство на Еберхард Фелц, Менахем и Кенеди Морети, а нивниот репертоар ги вклучува делата од стандарниот репертоар за клавирско трио од Моцарт, па сè до делата од Лера Ауербах. Нивното дебитантско издание содржи дела од Шуберт и Шостакович.
Настапуваат низ Европа на фестивали како „Поленса“ и „Марвао“, на фестивалот во „Шлос Елмау“, во салата „Корто“ во Париз, како и на престижните камерни концерти во Берлин. Заеднички настапуваат како солисти со Шпанскиот национален оркестар, Националниот оркестар на Каталонија, Кралскиот симфониски оркестар на Севиља и оркестарот на провинцијата Аликанте во сали како Националниот аудиториум за музика во Барселона и Театарот „Маестранца“.
