Театарска претстава Дејл Васерман „Лет над кукавичкото гнездо“ Драмски театар Белград, Србија

Tеатарска претстава Дејл Васерман „Лет над кукавичкото гнездо“

Според романот на Кен Кесеј

Во режија на Жанко  Томиќ

 

Драмски театар Белград, Р. Србија

Претставата е во знакот на големото враќање на Драган Бјелогрлиќ на сцената на Белградскиот драмски театар во легендарната, мрачна хумористична сатира за поединецот во репресивен систем, ментални институции и слобода на духот. Оваа драма е напишана во 1962 година. Првата изведба била  во 1963 година на Бродвеј со Кирк Даглас во главната улога.

 

Жанко Томиќ, роден е во Скопје, Македонија. Како жител на Р. Србија во 1997година  дипломирал театарска и радио режија на Факултетот за драмски уметности, Белград. Во 1995 година дипломирал српски јазик и југословенска литература, на Филозофски факултет во Нови Сад.

Режирал над петнаесет театарски претстави. Пет од нив во Српскиот народен театар во Белград, Суботица, Вршац, Херцег Нови и во САД. Во последните две години, според анкетата на театарската критика, тој беше рангиран меѓу петте најуспешни режисери. Режирал четири радио драми во продукција на Радио Белград. Бил уредник на драмската програма на фестивалот „Белградско лето“ во 1997 година. Ко-основач е на независната театарска група Торпедо во 1997 и трупата Јорик. Учествувал во организирањето на основачкото собрание на Сојузот на драмските уметници на Србија. Член е на комисијата на Здружението на драмски уметници на Србија за подготовка на законот за театар. Од 1990 до 1993 година, бил соработник на драмската програма на Културниот центар од Нови Сад. Тој е преведувач од англиски јазик на бројни драмски текстови и литература. Се занимава со театрологија и теорија на јазикот (научен труд Анализа на дискурсот на разговорот режисер-актер. Од неодамна пишува статии и колумни за театарски теми за списанијата Лудус и Сцена. Работел како уредник на неделникот Европа.

 

Улоги:

Рендл Мекмарфи: ДРАГАН БЈЕЛОГРЛИЌ

Поглавица Бромден: Предраг Бјелац

Дејл Хардинг: Милан Чучиловиќ

Били Бибит: Даниел Сич

Чесвик: Милутин Мима Караџиќ

Мартини: Младен Совиљ

Сканлон: Јово Максиќ

Ракли: Саво Радовиќ/ Душан Ковачевиќ

Доктор Спиви: Владан Милиќ

Сестра Речид: Милица Зариќ

Сестра Флин: Андреа Џина

Болничар Ворен: Урош Јанковиќ

Болничар Вилијамс: Милош Лазаров

Болничар Теркл: Зоран Ѓорѓевиќ

Кенди Стар: Анка Гаќеша/Александра Ања Алач

Сандра: Нада Мацанковиќ/ Маја Ранџиќ

 

Времетраење:

140 минути ( со пауза)

 

Драмски театар Белград, Србија

Дата

17 Авг 2024
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD300.00

Категорија

драмска програма
Центар за култура „Григор Прличев“

Локација

Центар за култура „Григор Прличев“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *