Свечено затворање на фестивалот Театарска претстава „Алиса во земјата на стравовите“

„Алиса во земјата на стравовите“

Од Ева Махковиќ

Во режија на Александар Поповски

Југословенски драмски театар Белград, Србија

 

Драматичниот текст на „Алиса во земјата на стравовите“ е инспириран од епизоди од книгата „Алиса во земјата на чудата“ од Луис Керол. Кога била мала, Алиса верувала дека дури и пред појадокот може да се случат шест невозможни работи. Таа сега е возрасна жена во своите триесетти. Треба да има кариера, семејство. Треба да биде исполнета, стабилна, порасната. Она што го има е нов психотерапевт со кој патува во главата. Кога беше мало девојче, таму ја чекаа чуда, гасеници со наргиле, карти за разговор, насмеани мачки, колачи и чај, хистерични птици. Тоа беше свет во кој секој чекор беше ново возбудување, свет на можности за бескрајни чуда. Сега има само земја исполнета со сомнежи и стравови. Сепак, се уште постои можност за чудо…

Тик-так, тик-так, часовникот отчукува. Биолошки или вистински, не е важно, времето вечно лета. Освен ако не стои. Дали се вклопува? Дали е можно да се запре? Колку време има и за што, и дали сите го имаме подеднакво? И дали се плашиме од времето затоа што околината ни го наметнува тој страв или навистина го чувствуваме? Во земјата на стравот, како и во земјата на чудата, сè се случува одеднаш, предвреме или истовремено, сите брзаат, но секогаш доцнат. Низ таков и таков свет, новите Алиси се обидуваат да го трасираат својот пат.

Александар Поповски е роден во Скопје во 1969 година. Дипломира филмска и театарска режија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а професионалното деби во театарот го прави во 1992 година кога режира претстава на текст на Дејан Дуковски. Досега режирал дела од:  М. Иваскевичиус, В. Шекспир, Г. Стефановски, М. Сервантес, Б. Стокер, Б. Србљановиќ, Г. Бухнер, Ж.Б. Молиер, А. Ласиќ, М. Мекдона, С. Грам, А. Чехов, Б. М. Колтес, Д. Хармс и Ф. Г. Лорка. Многу од претставите кои ги режирал се во националните театри во Р.С Македонија но и во Данска, Србија, Словенија, Хрватска, Австрија, Велика Британија, Италија, Шведска, Грција и др. Неговата кариера како филмски режисер започнува во 1993 година со омнибусот „Светло сиво“ (Митревски-Поповски-Јанаќиевиќ) продуциран од ТРФЗ Пегаз, Македонија. Во 1995 година е ко-режисер на ТВ серијата „Уа, шнајдери!“ (со Дарко Митревски) за МРТВ.  Во 1998 година заедно со Дарко Митревски го режира филмот „Збогум на 20-от век“ во продукција на Прва Партизанска Продукција. Овој филм е прикажан на фестивалите во Стокхолм, Барселона, Порто Рико, Сан Франциско, Дрезден, Њујорк, Хелсинки, Цирих, Калкута, на ФЕСТ во Белград, во Палм Бич, Палм Спрингс, Котбус, Тромсо, Љубљана, Сраево, Рим, Милано, Брисел и Штутгарт. Во 1999 година овој филм ја добива наградата на Фестивалот во Хелсинки за најдобар фантастичен Европски филм како  и награда на фестивалот во Њујорк за најдобра монтажа и сценографија, наградата „Крал Нобел“ на првиот Интернет филмски фестивал во Брисел, како и награда за најдобро актерско остварување на Фанта Фестивалот во Рим.  Во 2008 година Александар Поповски го режира краткиот филм „Метаморфози“ ко-продукција на Кино Око и Прва Партизанска продукција, а го снима и филмот „Балканот не е мртов“ за Кино Око.  Визитинг професор е на Универзитетот за уметности во Грац, а од сезоната 2018/19 е уметнички директор на Драмата при народниот театар во Марибор. Од 2003 година е професор на Универзитетот за драма во Будимпешта каде предава театарска режија.

 

Сценографија: Numen/For Use и Вања Магиќ

Костимограф: Миа Поповска

Музика: Марјан Неќак

 

Улоги:

Милена Радуловиќ

Небојша Љубишиќ

Слобода Миќаловиќ

Радован Вујовиќ

Милан Мариќ

Јована Беловиќ

Ива Манојловиќ

Тамара Сустиќ

Денис Муриќ

 

Претставата трае 2 часа и 10 минути

Претставата не е наменета за лица под 14 годишна возраст

 

 

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

20 Авг 2024

Време

21:00

Цена

MKD500.00

Категорија

драмска програма
Антички театар

Локација

Антички театар
Антички театар Охрид

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *