Свечено затворање на фестивалот

Театарска претстава „Вујко Вања“ од Антон Павлович Чехов
Режија: Егон Савин
Продукција: Југословенски драмски театар – Белград, Србија

 

Чехов ги воведе времето во драмата и драмата во времето. Неговите ликови се прашуваат дали грешката може да се занемари а поминатото да се надомести. Се занесуваме дека времето кое неповратно поминало, кое донесло години и замор може во одреден момент да стане нереално, да може да почне одново од точката каде што сè тргнало наопаку. Но, очекуваната иднина не доаѓа,  нов живот всушност, нема.

Можете да ги подобрите социјалните услови колку што сакате, но секогаш ќе има луѓе чии надежи ќе бидат изневерени, амбиции неисполнети, луѓе кои очајно ќе се вљубат во жени кои не ги сакаат, кои нема да можат да ја искористат можноста која им се нуди. Некои повеќе ќе ја сакаат бескорисната убавина и сопствената жртва отколку користа или добивката.

Секогаш ќе има луѓе кои ќе бидат несреќни поради причини кои ниту едно општество не може да ги елиминира бидејќи тие причини не се ниту политички ниту социјални, туку егзистенцијални. Драмата на Чехов е потопена во време кое носи настани што ќе ги видиме и кои ќе исчезнат во времето што продолжува да тече. „Вујко Вања“ е приказна за времето што поминало, како што годините од нашите животи се претвораат во месеци и деновите во часови и минути, а потоа се слеваат во бескрајната река на времето. Реката без брегови.

Егон Савин

 

Егон Савин е редовен професор на Катедрата за театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Има режирано  разновиден драмски репертоар, од современи домашни автори до светски класици во најголемите национални театри. Работел низ поранешна Југославија и во странство: Будимпешта, Трст, Горица, Белград, Загреб, Нови Сад, Скопје, Сараево, Подгорица, Риека, Сомбор, Крушевац и Зрењанин.

Во Југословенско драмско позориште – Југословенскиот драмски театар режирал голем број претстави и е повеќекратен добитник на најзначајните награди за режија во Србија, но и надвор од неа.

 

Улоги:

Војницки, Иван Петрович – БРАНИСЛАВ ЛЕЧИЌ

Астров, Михаил Лавович – НЕНАД ЈЕЗДИЌ

Јелена Андреевна –  МАРИЈА ВИЦКОВИЌ

Серебрјаков, Александар Владимирович – МАРКО БАЌОВИЌ

Софија Александровна (Соња) – ЈОВАНА БЕЛОВИЌ

Телегин, Иља Иљич – ДУБРАВКО ЈОВАНОВИЌ

Марина – АЛЕКСАНДРА НИКОЛИЌ

 

Костимографија: Јелена Стокуќа

Адаптација, режија и сценографија:  Егон Савин

 

Времетраење: 1 час и 30 мин.

 

 

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

Авг 20 2022

Време

21:00

Цена

MKD800.00

Категорија

драмска програма
Антички театар

Локација

Антички театар
Антички театар Охрид

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.