Театарска претстава “Balkan Bordello” од Јетон Незирај

Режија: Блерта Незирај
Трансатлантски театарски проект помеѓу САД,
Косово и Србија,
во соработка со Центар Мултимедија – Приштина,
Театар Ателје 212 – Белград и Мој Балкан – Белград/Њујорк

 

„Балкан Бордело“ е сага за едно балканско семејство и се темели на Есхиловата трилогија „Орестија“. Како аватар на современиот свет, Агамемнон се враќа триумфално од бојното поле, претворајќи го во пепел ривалскиот град. Но, треската и задоволството што настануваат во неславните победи се крвожедни животни- се хранат и живеат од крв. По враќањето дома, моќниот Агамемнон го чека смрт. Го убива Клитемнестра, неговата злоупотребувана сопруга во желба за слобода. Со Егист, лицемерниот поет, Клитемнестра сака да започне нов живот, без страв дека сопругот ќе ја силува и понижува. Но, слободата не може да се постигне во земја во која толку долго владеело насилството. Сега, кога Агамемнон повеќе го нема, Клитемнестра ја презема улогата на насилник – таа станува Агамемнон во негово отсуство – а цел на нејзиното насилство, угнетување и нетрпеливост е нејзината ќерка Електра. Сепак, кругот на насилство не може така лесно да се затвори, затоа што „пролеаната крв бара уште крв“, како што се наведува во стиховите од претставата. Затоа, како што таа го уби сопругот, сега  Клитемнестра мора да ја убие нејзиниот син Орест. Тој заедно со неговото момче Пилат, кореографот, се враќа од Берлин, каде што живеел како бегалец.

Ова е основата на ова парче, кое заедно со црниот хумор го обработува и балканскиот темперамент, ја следи морбидноста на човечката душа и ја осветлува глупоста и наивноста на еден период изграден на насилство, нетолеранција и омраза. Ликовите од претставата се препуштаат на судбината и речиси несвесно паѓаат во стапицата на незадоволството и уништувањето. Таа линија на уништување е она што заведува, исто како што смртта го заведува животот. „Балкан Бордело“ е претстава за трауматизираните општества кои се јадат помеѓу себе. Нè соочува со војната како машинерија за уништување, во која животот и нормалноста  го полагаат оружјето пред неверствата и злото на луѓето. Демократијата не може да се земе здраво за готово. Ги имаме истите примери што ги имавме вчера и денес. Крвавиот Балкан од 90-тите и денешниот Балкан жеден за одмазда. Денешната Унгарија, под автократско раководство на Орбан, каде граѓанските слободи се крадат чекор по чекор. Пост-Трамповската Америка, каде измамените Американци продолжуваат да ги гледаат  своите соништа. Турција и Русија, каде луѓето живеат во страв од диктаторската држава. Германија, која сè уште е прогонувана од живиот нацизам. Израелските војници кои ги рушат и уништуваат палестинските градови. Палестинскиот Хамас кој лансира ракети кон израелските градови. Сирија која ја срамнија со земја… дали воопшто знаеме кој?

„Балкан Бордело“ е епска приказна за лудилото на времето во кое живееме.

 

Јетон Незирај е директор на Центар „Мултимедија“; претходно бил уметнички директор на Народениот театар во Приштина. Има напишано повеќе од 25 дела, кои се режирани, преведени и објавени на повеќе од 15 јазици. Како драматург, тој соработувал со театри и театарски трупи, вклучително и „Ла Мама“ во Њујорк и „Фолксбине“ во Берлин. Неговите претстави имаат освоено бројни награди и се изведувани на театарски фестивали ширум Европа.

Бљерта Незирај режира претстави во Косово и во странство, а нејзините продукции гостуваат низ целиот свет (Театар „Види“, Лозана; Театро „Пиколо“, Милано; „Фолкстеатар“, Виена; „Фолксбине“, Берлин …). Во текот на 2018 г, таа беше член на „Работилница за театарски режисери“ при Линколн центарот во Њујорк, а во пролетта 2019 година ја постави претставата „55 нијанси на сиво“ во „Ла Мама“ во Њујорк. Досега има освоено неколку награди (вклучувајќи ја и наградата за најдобара режија во 2020 година во Косово) има и одлични локални и меѓународни критики. Гардијан ја нарече „една од водечките режисери во земјава“, а списанието „Сцена“ нејзините претстави  ги смета како „бескомпромисни … неопходно потребни… смели и силни“.

 

Улоги:

Светозар Цветковиќ,

Ема Андреа,

Џорџ Дренс,

Јуџин Д Пуџин,

Валоа Микенс,

Мати Барбер-Бокелман,

Иван Михаиловиќ,

Мет Насер,

Верона Коџа,

Адриан Морина

 

Костими: Габриел Бери

Сценограф: Марија Калабиќ

Кореограф: Ѓерѓ Превази

 

Времетраење :  90 минути, без пауза

Дата

Авг 10 2022
Expired!

Време

22:00

Цена

MKD300.00

Категорија

драмска програма
Предворје на Св. Софија

Локација

Предворје на Св. Софија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.