Театарска претстава „Демони“ од Ларс Норен

Театарска претстава
„Демони“ од Ларс Норен
Режија: Васил Христов
Изведба: НУ Народен театар – Битола, Р.С.Македонија

 

„Демони“ напишана во 1982 година e црна комедија, во која преку комбинација на хумор и моќен емоционален/психолошки импакт се трага по нови форми на експресија.  Дијалогот  инсистира на луд ритам и гради возбудлива музикалност. Духовита и сурова, во исто време. „Демони“ е драма за човечките доблести и несовршености, за љубовта и омразата.

Две двојки – сопружници, живеат во иста зграда, во стан еден над друг, се среќаваат, ги испреплетувааат своите животни приказни, состојби, тајни, двојби, ги исфрлаат на површина скриените внатрешни демони.

Ларс Норен е најголемиот шведски драмски автор по Аугуст Стриндберг, кај нас за прв пат поставен во театарски простор во режија на Васил Христов, во изведба на актерската екипа од НУ Битолски театар.

 

Васил Христов е самостоен театарски, филмски и телевизиски  режисер со повеќе од 30 години работно искуство. Роден е во Скопје, С. Македонија. Има завршено театарска и радио режија на Универзитетот за уметности, Факултетот за драмски уметности во Белград. Своето образование го продолжил во Холандија каде што студирал на магистерските студии за филм и телевизија на Универзитетот во Амстердам а потоа и на постдипломската програма за филмски режисери на Филмскиот институт „Мауриц Бингер“. Во својата досегашна работа како театарски режисер, тој ги режира претставите: „Мара Сад“ од Питер Вајс, „Темпирана опера“ по негова драматизација, „Обзрни се во гневот“ на Џон Озборн, „Роденден“ од Харлод Пинтер, „Денови од нашиот живот“ од Леонид Андреев, сите во Македонскиот народен театар; потоа „Крал Иби“ според Алфред Жари и Вилијам Шекспир во Драмскиот театар; во Театарот на народностите, Турска драма претставите: „Будење на пролетта“ од Франк Ведекин, „Три сестри“ од Чехов и „Тетовирани души“ од Горан Стефановски; во СКЦ Белград – „Виктор или деца на власт“ од Роже Витрак, „Најубавата девојка на светот“ според романот на Чарлс Буковски и уште многу други. Тој е еден од основачите на независниот театар – Вондерленд театар- Скопје во кој ги има направено претставите: „Девојката и смртта“ од Ариел Дорфман  и „Класен непријател“ од Најџел Вилијамс.

Васил е режисер на долгометражниот игран филм „Еј!” како и на повеќе кратки филмови, документарци, реклами, телевизиски серии. За краткиот филм „Писмо“ има добиено награда за најдобра режија на фестивалот Браќа Манаки како и Silver Remi награда за најдобар филм на Worldfest Houston. Неговиот краток филм „Судија“ е награден за најдобра режија на Science and Technology Film Festival Toronto. Во својата кариера има напишано повеќе сценарија, а работел и како предавач на SAE Institute Amsterdam и NHL Leeuwarden.

 

Улоги:

Катарина – ИЛИНА ЧОРЕВСКА

Фрeнк –  ОГНЕН ДРАНГОВСКИ

Јена – МАРИЈА СТЕФАНОВСКА

Томас – ЗДРАВКО СТОЈМИРОВ

Сценографија: Валентин Светозарев

Костимографија: Андреј Ѓоргиевски

Времетраење: 1 час и 50 мин   Наменета за цела публика

Дата

Јул 16 2022
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD300.00

Категорија

драмска програма
Центар за култура „Григор Прличев“

Локација

Центар за култура „Григор Прличев“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.