Тимоти Ридаут – виола, Велика Британија; Франк Дупре – пијано, Германија

Тимоти Ридаут-виола

Ридаут е добитник  на инаугуративната награда со името на Сер Џефри Тејт во Хамбург, и носител на стипендија од фондацијата Борлети-Буитони.  Тој  со сигурност е еден од водечките млади солисти во Европа. Дел е од програмата на Би-Би-Си „ Уметници на новата генерација“ од 2019 година, и дел од уметничката програма на Линколн Центарот во Њујорк од 2021 година.

Неговите оркестарски ангажмани вклучуваат настапи со Оркестарот на Би-Би-Си и „Филхармонија“ оркестарот во Лондон, „Тонхале“ во Цирих, камерните оркестри во Париз и Лозана, Симфониските оркестри во Хамбург и Луцерн, Камерниот оркестар на Европа, Националниот оркестар на Лил и др. Камерните концерти и рециталите пак, го водат во „Вигмор Хол“,  „Музикферјан“ во Виена и „Концертгебау“ во Амстердам. Во август 2021 година тој настапува на Би-Би- Си Промс  изведувајќи го концертот за виола од Вилјам Волтон под диригентската палка на Сакари Орамо.

Тимоти Ридаут снима ексклузивно за „Хармонија мунди“ и досега има остварено соработки со диригентите: Силвијан Камберлинг, Кристоф Ешенбах, Сер Андрас Шиф и Давид Цинман, додека на камерната музичка сцена соработува со ексклузивни имиња какви што се: Николас Алтштед, Џошуа Бел, Франк Дупре, Изабел Фауст, Стивен Исерлис, Џанин Јенсен, Ларс Вогт, Џонатан Вер, Кристија Тецлаф, Џереми Денк и многу други.

Франк Дупре-пијано

Дупре е добитник на наградата „Опус Класикс“ за снимка на годината во категоријата на „концерти“ во 2018 година, и лауреат на Германскиот натпревар за музичари во 2014 година. Германскиот пијанист Франк Дупре ги воодушевува жиријата со неговата музичка зрелост, рафинирана техника и можност да создаде широк спектар на бои од пијаното. Првично едуциран како џез перкусионист, Дупре има „широки видици“ во пијанистичкиот репертоар, со особен интерес кон современата и музиката на актуелните композитори на нашето време. Скорешните и идните ангажмани вклучуваат  соработка со фестивалот „Курт Вајл“ каде е резидентен уметник, деби со Ројал Нордерн Симфонија во Њукасл, со Симфонискиот оркестар во Трондхајм и со симфонискиот оркестар на Лихтенштајн. Ќе се врати на сцените на Вигмор Хол, „Бозар“ во Брисел, и ќе продолжи да соработува со Филхармонијата во Штутгарт и театарот „Паулен“ во Цвикау. Како уметник кој цврсто се етаблира на меѓународната музичка сцена, Дупре има остварено настапи со Лондонската филхармонија како и со оркестрите во Минестота, Малме, Кристијансанд, Оукленд, со Бетовен оркестарот во Бон и др. Во областа на камерната музика соработува со некои од највозбудливите имиња од неговата генерација како што се: Симон Хофеле, Едгар Моро, Даниел Лозакович, Тимоти Ридаут, Киан Солтани  и др. Исто така активен на диригентскиот пулт, и уметник кој често се јавува во улога на солист и диригент, Франк Дупре има соработувано како асистент со Сер Сајмон Ретл,  Франсоа Гзавие Рот и Марио Вензаго.

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

Авг 12 2022

Време

21:00

Цена

MKD700.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.