Валентина Лисица – пијано, Украина/САД

Валентина Лисица многумина ја сметаат за првата Jутјуб ѕвезда на класичната музика, но таа е повеќе од тоа. Таа е првиот класичен уметник кој успеал својот интернет успех да го претвори во глобална концертна кариера во некои од водечките концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка и Азија. Валентина своето прво видео на интернет го постира на Јутјуб во 2007 година-снимка на Етидата оп. 39 од Сергеј Рахмањинов. „Прегледите“ на ова видео се зголемуваат прогресивно, по што следат нови објави и на тој начин се поставуваат темелите на кариера на социјалните-мрежи каква што дотогаш светот не памети. Благодарение на нејзината посветеност кон интернет публиката, Jутјуб каналот на Валентина Лисица денес брои повеќе од 650.000 претплатници и има над 147 милиони прегледи, со просек од околу 75.000  прегледи дневно. Нејзината Спотифај страница има повеќе од милион слушатели месечно. Овој неверојатен успех и овозможува на Валентина Лисица да настапува во светските сали, нејзиниот рецитал во Лондонскиот „Ројал Алберт Хол“ го проследиле 8000 слушатели, а истиот е објавен на ЦД и ДВД од страна на издавачката куќа „ДЕКА“ само една недела подоцна. Следат 9 албуми снимени за оваа издавачка куќа со музика од Рахмањинов, Шопен, Глас, Лист, Скрјабин, а и ЦД со музика од „златното доба“ на филмот со теми од филмови од 1920 година.  Во 2019 година „ДЕКА“ издава специјален бокс-сет со ЦД-а посветени на музиката на П. И. Чајковски во кој се наоѓаат снимки на дела за соло пијано кои досега не биле снимени од ниту еден уметник. Во изминатите сезони Валентина Лисица настапува во Барселона, Валенсија, Истанбул, Гдањск, Брисел, Пасадена и на повеќе фестивали во САД. Во оваа сезона таа се враќа во Јужна Кореја, има турнеја во Италија и настапува во театарот „Шанзелизе“ во Париз, во „Флаже“ во Брисел и дебитира во Белград.  Минатата сезона настапи со Националниот оркестар на Шпанија изведувајќи ги сите концерти и Рапсодијата на тема од Паганини од С. Рахмањинов во една вечер. Има концертирано во Берлинската филхармонија, во големата сала на Московскиот конзерваториум, во „Вигмор Хол“, „Принцрегент театарот“ во Минхен, Карнеги Хол во Њујорк, „Театро Мајор“ во Богота, и на престижни фестивали како Би -Би- Си Промс, фестивалот „Дворжак“ во Прага, и „Музика мунди“ во Брисел. Некои од оркестрите со кои настапува како солист се: Лондонскиот симфониски оркестар, Кралската филхармонија во Стокхолм, Оркестарот на Париз, Филхармонијата во Лиеж, Штатскапеле Дрезден, оркестрите во Балтимор и Синсинати и филхармонијата во Сеул. Родена во Украина, Валентина започнува да учи пијано на три години и првиот јавен рецитал го дава само една година подоцна. Студира на конзерваториумот во Киев по што се сели во САД каде во 1995 дебитира во Њујорк.

 

Програма:

 

М. Равел: Gaspard de la nuit

 

                                Ondine

                                Le gibet

                                Scarbo

 

 

С. Рахмањинов: Соната бр. 2 оп. 36 b-moll

 

Allegro agitato

Non allegro-Lento

Allegro molto

 

-пауза-

 

Ф. Шопен: Четири скерца

 

Ф. Шопен: Полонеза- Фантазија оп. 64

Дата

11 Авг 2022
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD700.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *