МАКПЕТРОЛ ВОДЕЧКА ЕНЕРГЕТСКА КОМПАНИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР И ПОДДРЖУВАЧ НА ВРВНАТА КУЛТУРА

Макпетрол е водечка енергетска компанија на македонскиот пазар, секогаш подготвена ефикасно да одговори на енергетските потреби на општеството и двигател на економскиoт сектор во Република Северна Македонија. Водечката позиција на компанијата во македонскиот сектор за енергетика се должи на постојаниот стремеж за унапредување на производите и услугите. Овој континуитет се негува, уште од основачките почетоци на Макпетрол АД, повеќе од 75 годии. Како општествено одговорна компанија и верен поддржувач на културните вредности Макпетрол АД веќе неколку години е спонзор на најзначајната манифестација „Охридско лето“ чие партнерство се заснова на доверба, разбирање и почит, значајно за развојот на културата, но и можноста во нашата земја да настапат светски познати музички и театарски имиња.

Од особено значење е Вашата помош како спонзор на  фестивалот „Охридско лето“. Вашето дејствување во оваа сфера од културното  живеење на Република Северна Македонија помагајќи ја најзначајната манифестација,  вроди со многу значајни настани кои ја збогатија културната програма во земјата и го подигнаа нејзиното ниво. Колку се чувствувате заслужни за тоа и како ја оценувате соработката со „Охридско лето“?

  • Досегашната соработка со „Охридско лето“ е исклучително успешна и се одвива на високо професионално ниво. Соработката континуирано се реализира неколку години по ред и ни претставува задоволство што преку неа досега помогнавме во успешната реализација на настаните во рамките на „Охридското лето“. 

Фестивалот „Охридско лето“ со години наназад е на врвот на светската уметничка сцена на која продефилираа големи музички имиња со светско реноме. Кој настан, кој уметник ви остави најголем впечаток во текот на изминатите фестивалски изданија ?

  • Во текот на овие години организаторот на „Охридско лето“ успеа да донесе врвни уметници од целиот свет во нашата земја. Бевме сведоци на исклучителни музички концерти, драмски и балетски претстави и навистина е тешко да се одбере еден од многуте квалитетни настани од изминатите фестивалски изданија. Сепак, како еден од многуте, би го издвоилe концертот на сопранот Инва Мула кој беше одржан во 2021 година.

Долгогодишно партнерство се заснова на доверба, разбирање и почит. Фестивалот кој е гордоста на македонската уметност и култура, нешто што трае над  пет децении,секогаш до себе ги има најголемите и најзначајните компании. Ќе продолжите ли заеднички по патот во градењето на иднината на најпрестижната манифестација?

  • Компанијата во своите активности од доменот на општествената одговорност ја има зацртано подршката на високо квалитетните манифестации како што впрочем е  „Охридско лето“, една од нашите најпрестижни манифестации. Продолжуваме со подржката и во наредниот период, со надеж дека нашите деловни резултати ќе бидат на досегашното ниво и ќе овозможат да го оджиме досегашниот континуитет на соработка.

Накусо, за Вашите планови за оваа година? 

  • Работиме секојдневно на исполнувањето на зацртаната цел – „Макпетрол“ и во иднина да биде водечка енергетска компанија на македонскиот пазар, секогаш подготвена да одговори на енергетските потреби на општеството и како досега да остане двигател на економијата во земјата, а со тоа и Компанија со висока општествена свест и одговорност која што ќе продолжи да дава соодветна подршка во областа на спортот, културата и секако заштитата на животната средина.