д.м.г

Импресивна вечер на „Охридско лето“ – промоција на книгата „Боите на мојата музика“ и концерт на Камерниот оркестар „Саша Николовски – Ѓумар“

Редовните посетители на годинешново „Охридско лето“ имаа прилика по втор пат (после концертот на „Дупре Џез Триото“, проследено со изложбата фотографии од Александар Томовски) да присуствуваат на богато осмислена тематска вечер: промоција на книгата „Боите на мојата музика“ од професор Снежана Анастасова Чадиковска и концерт на Камерниот оркестар „Саша Николовски – Ѓумар“. Не случајно, промоцијата […]

Импресивна вечер на „Охридско лето“ – промоција на книгата „Боите на мојата музика“ и концерт на Камерниот оркестар „Саша Николовски – Ѓумар“ Read More »

Евроамбасадорот Гир: „Охридско лето“, фестивал што многу цврсто е внесен на меѓународната културна мапа

Вчерашната Вечер на Европската унија на „Охридско лето“ беше одлична можност да се ужива во звуците на кларинетот и пијаното преку извонредниот концерт на младите и талентирани уметници, Шпанецот Пабло Бараган и француската пијанистка Елоиз Бела Кон. Обраќајќи се пред присутната публика во црквата „Света Софија“, Амбасадорот на Европската унија во РС Македонија, Дејвид Гир,

Евроамбасадорот Гир: „Охридско лето“, фестивал што многу цврсто е внесен на меѓународната културна мапа Read More »

Новосадските актери ја носат „Ана Каренина“ на „Охридско лето“

Драмскиот репертоар на 63-тото „Охридско лето“ продолжува вечерва со театарската претстава „Ана Каренина-Во љубовта нема повеќе и помалку“  од Лав Николаевич Толстој, во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на театарот Нови Сад „Ujvideki Szinhaz” од  Србија. Претставата ќе се одигра на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.

Новосадските актери ја носат „Ана Каренина“ на „Охридско лето“ Read More »

Пијано рецитал на „Охридско лето“ со Франк Дупре

Осумнаесеттата вечер од музичката програма на 63-тото издание на фестивалот „Охридско лето“ е резервирана за пијано рецитал на извонредниот млад пијанист Франк Дупре од Германија. Дупре ќе настапи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин, 21 часот, а ќе изведе класични композиции од Шуберт, Шуман, Балакирјев, Буланже, Дебиси, Равел и  Гершвин. Овој млад, но

Пијано рецитал на „Охридско лето“ со Франк Дупре Read More »